Силувал девојка во бессознание, забранет му е пристап во семејниот дом - Скандалите на синот на норвешката принцеза
- Детали
- вторник, 19 ноември 2024
Во август беше обвинет за напад, по што призна дека консумирал алкохол и опојни супстанци. Сега е обвинет за силување на личност која била во бессознание. Посвоениот син на норвешкиот престолонаследник со месеци е топ тема во таблоидите заради големиот број скандали.
Во понеделникот (18.11) норвешката полиција го уапсила Мариус Борг Хојби (27), синот на норвешката принцеза Мете-Марит.
Мариус е син на принцезата Мете-Марит од бракот што таа го имала пред принцот Хаакон и тој му е посинок на престолонаследникот на земјата.
Но, во последните неколку месеци Мариус во таблоидите постојано е застапен со голем број скандали и инциденти.
Британски Guardian, повикувајќи се на изјави од полицијата во Норвешка пишува дека Мариус силувал личност во несвесна состојба (или која од други причини не можела да се одбрани).
„Полицијата може да потврди дека станува збор за сексуален чин без пенетрирање.
А според сознанијата, жртвата била во неможност да се брани“ – стои во соопштението.
Инаку, синот на норвешката принцеза во последниот период често завршува во таблоидите заради неговото разуздано однесување.
Тој во август годинава беше задржан во притвор откако неговата девојка Ребека Хелберг Арнтсен го обвини дека ѝ нанел телесни повреди.
Наводно, полицијата кога дошла во нејзиниот стан, нашла забоден нож во ѕидот.
Мариус тогаш признал дека делото го извршил додека бил под дејство на алкохол и опојни супстанци.
Случајот полицијата тогаш го третирала како насилство во интимна врска и му издала забрана за приближување.
Во септември повторно бил уапсен откако, наводно, ја прекршил наредбата за забрана за приближување.
Во октомври, дел од таблоидите пишуваа дека семејството му забранило на синот на принцезата да се приближува до семејната резиденција, откако тој бил одговорен за грабежот што се случил таму.
Мариус организирал луда забава, а членови на мото-банда дошле на имотот и одзеле голем број вредни предмети од семејството.
Инаку, по првото апсење во август, уште две поранешни девојки јавно го обвиниле за физичко и психолошко малтретирање.
Б. С. Б. | Црнобело