Татко херој! По 26 дена пекол, сам ја спаси киднапираната ќерка тинејџерка
- Детали
- четврток, 09 јануари 2025
„Ја најдов пред да пристигне полицијата. Кога ја зедов во рацете, заврши пеколот. Не можам да опишам како се чувствував кога ја прегрнав“, рекол таткото, чие херојско дело го споредуваат со улогата на Лиам Нисон во филмот Taken.
14-годишната Емареј Гарваси од Лонг Ајланд, исчезнала на 9 декември и скоро еден месец никој не знаел каде е.
Иако полицијата трагала по тинејџерката, нејзиниот татко успеал да ја пронајде по дојава од непознат човек и да ја спаси по 26 дена пекол, на 3-ти јануари.
Френк, таткото на Емареј, „работел“ заедно со полицијата и не сакал да се откаже од потрагата по неговата ќерка.
Токму тој и ја пронашол на брод, каде што 65-годишен маж ја држел заробена од почетокот на декември 2024-та.
„Ја најдов пред да пристигне полицијата. Кога ја зедов во рацете, завршија 26-те дена пекол низ кој поминувавме.
Дар од Бога е што таа е жива и здрава. Не можам да опишам како се чувствував кога ја прегрнав“, рекол таткото за News 12.
Иако во текот на истрагата полицијата се сомневала дека девојчето избегало од дома, нејзините родители не сакале да го прифатат тоа.
Тие дури и понудиле награда од 10.000 долари за нејзиното пронаоѓање.
Според родителите, таа заминала да земе нешто од продавница и враќајќи се накај дома, се јавила кај татко ѝ за да праша што има за вечера.
Но, по тој повик, исчезнала без трага.
„Се плашам дека некој ја држи против нејзина волја или некој ја убедил дека не смее да си замине од таму каде што е.
Но, мојот најголем страв е дека можеби веќе не е жива“, кажал таткото за Daily Mail брзо по исчезнувањето на девојчето.
Во потрагата, освен полицијата, биде вклучени и членови на семејството но и локалното население, а таткото без престан барал траги за да го пронајде девојчето.
„Ми падна камен од срцето. Изминатите четири недели беа најдолгите во мојот живот, но добра сум откако ѝ го слушнав гласот“, рекла мајката.
Откако Френк ја пронашол ќерка си, полицијата го уапсила Францис Бакеит (65) и тој е обвинет за силување и киднапирање.
Мажот, кој е уапсен за киднапирањето се изјаснил како невин, и допрва ќе следува неговото судење.
Емареј, пак, по ослободувањето е пренесена во болница, каде што се опоравува по траумата што ја преживеала.
Откако во јавноста се дозна за херојското дело на таткото, многумина ја споредија агонијата на Френк со онаа на Лиам Нисон во филмот Taken, каде тој глуми поранешен агент на ЦИА, кој патува од САД во Париз за да ја пронајде својата ќерка, а која е киднапирана од криминалци.
А. Ј. | Црнобело