Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата

Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да види дали вреди да живее по страшната загуба која ја доживеала. Нејзиниот свршеник починал на 31 година.

devojka-otide-na-solo-meden-mesec-otkako-i-pochinal-svrshenikot-na-1-mesec-pred-svadbata-01.jpg

Лора Марфи од Канада ги минала првите месеци од 2024-та радувајќи се на претстојната свадба со нејзиниот сакан Девон О’Грејди, но нејзиниот живот се променил на само еден месец пред закажаната свадба.

devojka-otide-na-solo-meden-mesec-otkako-i-pochinal-svrshenikot-na-1-mesec-pred-svadbata-11_copy.jpg

Нејзиниот свршеник Девон починал на 31 година поради проблеми со срцето.

devojka-otide-na-solo-meden-mesec-otkako-i-pochinal-svrshenikot-na-1-mesec-pred-svadbata-03.jpg

По трагедијата во мај и месеци тагување дома, Лора одлучила да замине сама на медениот месец, кој им бил планиран со Девон.

Вели дека одлучила да го направи ова за да види дали вреди да живее по страшната загуба која ја доживеала.

devojka-otide-na-solo-meden-mesec-otkako-i-pochinal-svrshenikot-na-1-mesec-pred-svadbata-12.jpg

Лора била преплавена од тага и за време на самото патување, па одлучила емоциите да ги сподели со јавноста преку ТикТок со видео документирање на нејзиниот соло меден месец.

„Ова е навистина болно и изолирачко чувство затоа што не познавам никој кој на моја возраст изгубил партнер“, изјави Лора за весникот „The Washington Post“.

devojka-otide-na-solo-meden-mesec-otkako-i-pochinal-svrshenikot-na-1-mesec-pred-svadbata-09.jpg

„Чувствував дека морам да заминам од својот роден град и од мојата куќа за да ги оттргнам мислите. Седев таму со месеци по смртта на Девон и не знаев што да правам со себе“.

devojka-otide-na-solo-meden-mesec-otkako-i-pochinal-svrshenikot-na-1-mesec-pred-svadbata-02.jpg

Таа вели дека до денес не може да ја прифати смртта на Девон и дека се надева дека повторно ќе пронајде волја за живот.

devojka-otide-na-solo-meden-mesec-otkako-i-pochinal-svrshenikot-na-1-mesec-pred-svadbata-15.jpg

Повеќе фотографии со Девон и видеа од соло медениот месец на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
„Свршеникот ме изневери пред свадбата, па си направив забава за да ја прославам слободата“ Линдзи Слејтер (31) од Велика Британија доживеала непријатно изненадување по 12 ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg