Девојка, што глуми сирена, беше нападната од џиновска риба во аквариум во Кина (видео)
- Детали
- петок, 31 јануари 2025
Маша од Русија за време на својата изведба во аквариумот станува мета на џиновска риба која буквално ѝ ја лапнува главата. За среќа, инцидентот не завршил со пострашни последици. Предупредување - видеото е вознемирувачко...
Во аквариумот „Xishuangbanna Primitive Forest Park“ во Кина се случи шокантен инцидент.
Џиновска риба нападна 22-годишна изведувачка од Русија за време на нејзиното шоу, каде таа глуми сирена.
Рибата ја фаќа девојката по име Маша за главата и предизвикува повреди на нејзиниот врат, глава и на левото око, според светските медиуми.
И покрај страшната случка, Маша успева да се ослободи и да исплива на површината и нема посериозни последици.
Инцидентот предизвика огромна загриженост, а видеото навистина е вознемирувачко.
Погледнете ја оваа вознемирувачка ситуација:
С. С. | Црнобело