Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото)

„Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави ресторани и седишта во прв ред. Но, да не ме сфатите погрешно – јас не бев родена богата...“, вели Брук Савард од Австралија.

devojka-od-avstralija-12-godini-patuva-sama-i-spie-besplatno-po-hoteli-foto-01.jpg

Брук Савард од Австралија пред повеќе од една деценија, на 20 години, почнала да го живее својот сон – отворила патувачки блог и тргнала по светот.

Таа е еден од најпознатите патувачки блогери во светот, со повеќе од 517.000 следбеници на Инстаграм.

За своите почетоци вели:

„Бев млада, немав ниту куќа, ниту автомобил и во 2012-та година отворив свој патувачки блог, а тоа наскоро стана моја кариера.

Mе одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави ресторани и седишта во прв ред на разни настани.

Патувањето во 20-тите не изгледа така, обично младите одат во хостели со ранец на грбот, но за мене приказната беше поинаква.

Но, да не ме сфатите погрешно – јас не бев родена богата, уште од 15-тина години работев во мојата родна Австралија за да си ги дозволам работите што ги сакам.

Па, како испадна да спијам во стотици најубави хотели во преку 80 земји низ светот?

Одев бесплатно, го искористив растот на социјалните мрежи кој овозможи секој да стане тоа што сака да стане, па така јас станав патувачки блогер.

Бев упорна и денес сум таму каде што сум“.

Како изгледа животот на Брук:

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кафе со шеќерна волна и уште 15 фото-докази колку уникатна земја е Кина Во трговски центар има „остава за мажи“, односно место каде жените може да си ги...
Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg