Јапонија и сè е можно: Дечко дознал дека неговата девојка е 25 години постара од него, на денот пред свадбата

По 7 години врска, на денот пред свадбата, младоликата Јапонка Аки му признала на својот партнер дека всушност не е 15 години постара од него како што тој мислел, туку 25 - неверојатна љубовна приказна на јапонски пар. 

japonija-i-se-e-mozhno-dechko-doznal-deka-negovata-devojka-e-25-godini-postara-od-nego-na-denot-pred-svadbata-01.jpg

Јапонските и останатите светски медиуми споделуваат интересна љубовна приказна на пар од Јапонија, која е невообичаена и реално - навистина е можно да се случи само таму. 

Јошитака (40) и Аки (65) денес се во брак, а пред повеќе години, случајно се запознале во бар кој го водела Аки.

Во тој период од животот, двајцата биле разведени, а Јошитака паднал на нејзиниот шарм и зрелост, па се вљубил во неа уште на прв поглед.

„Откако разговарав со неа, сфатив дека двајцата сме искусиле пропаднати бракови, сме ги израснале децата сами и делиме многу заеднички интереси“ – изјавил тој за Bunshun Online.

View this post on Instagram

A post shared by ヨシタカ/25歳逆年の差夫婦 (@yoshitaka_222)

Тие почнале врска, а интересно е што тогаш тој мислел дека Аки е 15 години повозрасна од него, бидејќи таа на почетокот се претставувала како помлада.

Аки го правела тоа бидејќи во Јапонија постојат предрасуди за врски во кои жените се повозрасни, а на почетокот на Јошитака не му било сеедно ниту за 15-годишната разлика, па таа продолжила да ја крие вистината.

Нејзините јапонски гени, како и негата на убавина и грижа за кожата, помогнало лагата да ѝ помине без никаков сомнеж, во спротивно, на кој друг би му успеало да изгледа 25 години помладо?

Сепак, со текот на времето, како што нивниот однос станувал посериозен, таа повеќепати пробувала да си ја открие пред него вистинската возраст, но на суптилни начини.

„Го оставав пасошот или осигурителната картичка на маса, надевајќи се дека ќе забележи“ – признава таа, но ниту ова не помогнало, бидејќи наместо да ги погледне, тој секогаш ја потсетувал да не си ги остава важните документи расфрлани по домот.

Но, по 7 години врска, на денот пред свадбата, Аки веќе не можела да живее со таа лага и да го каже судбоносното да, па му ја открила нејзината вистинска возраст.

Неговата реакција била сосема нормална и смирена, па признава дека ѝ рекол: „Не ми пречи твојата вистинска возраст, не е важно тоа. Важно е што не си ми кажала порано, за да не мора да се грижиш за тоа толку долго“.

По нивната свадба, двајцата си дале отказ од работа и патувале низ светот со кампер, а сега имаат и свој YouTube канал со 18.000 претплатници.

  М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg