Најжешките места на Земјата - температурата достигнала и над 50 степени Целзиусови
- Детали
- недела, 30 јуни 2024
Северен Судан е типично топол и сув, со слаби врнежи од дожд, а јуни е најжешкиот месец. Во градот Вади Халфа, највисоката температура која некогаш била регистрирана е 53ºC.
Топлотните бранови ширум светот станаа честа појава.
Се чини дека климатските промени постојано испишуваат нови рекорди кога се во прашање најжешките места во светот, а температурите над 50ºC во светот веќе не се реткост.
Некои од најжешките места на планетата Земја:
Долината на смртта, Калифорнија, САД
Во 1913 година, температурите во Долината на смртта достигнале до 56ºC, една од највисоките измерени температури досега.
Иако некои научници дебатираат за веродостојноста на податоците бидејќи се од пред еден век, температурата во Долината на смртта во 2020 година достигнала над 54,4ºC, така што без сомнеж ова е едно од најжешките места на Земјата.
Кебили, Тунис
Лоциран на југот на Тунис, во Кебили во 1931 година била забележана највисоката температура во Африка од 55ºC.
Митриба, Кувајт
Во Кувајт, во метеоролошката станица Митриба, во 2016 година била регистрирана температура од 54ºC.
Сепак, температурите не стивнуваат, па минатата година локалните медиуми во земјата објавија дека во Ал Џахра биле забележани 53-54ºC.
Турбат, Пакистан
Пакистан има екстремно високи и екстремно ниски температури. Во 2017 година, во градот Турбат, температурата достигнала до 53.7ºC.
Мексикали, Мексико
Во 1995 година, во Мексикали, Мексико, е забележана температура од 52ºC. Областа е позната по својата топлина и ја има една од најекстремните клими во Мексико.
Далол, Етиопија
Овој град во северна Етиопија има едни од највисоките просечни температури во светот во населено место. Просечната годишна температура изнесува 34ºC, но дневните температури може да достигнат и до 49ºC.