Најжешките места на Земјата - температурата достигнала и над 50 степени Целзиусови
Азизија, Либија
Овој мал град во Либија порано важеше за најжешкото место на земјата, со 58ºC измерени во 1922 година.
Метеоролозите сега го оспоруваат ова, но либискиот град продолжува да достигнува високи температури, кои во летниот период честопати се над 48ºC.
Вади Халфа, Судан
Северен Судан е типично топол и сув, со слаби врнежи од дожд, а јуни е најжешкиот месец. Во Вади Халфа, највисоката температура која некогаш била регистрирана е 53ºC.
Деште Лут, Иран
Ненаселена и едно од најжешките места на планетата Земја, во пустината Деште Лут во Иран во 2005 година била измерена температура од 70.7ºC.
Мерењата биле направени од сателитите на НАСА и, за разлика од многу други места во оваа листа, температурата е измерена на земјата, не во воздухот.
Односно, температурата на воздухот сепак е малку пониска.
Куријат, Оман
Во јуни 2018 година, термометрите во рибарското место не паднале под 42,6ºC во период од 24 часа.
Уаргла, Алжир
Во богатиот град во јужен Алжир, Уаргла, во 2018 година температурата достигнала до 51,3ºC.
Оваа температура е една од пожешките забележани во Африка, но само во лето. За време на зимскиот период, живата може да се спушти под нулата.
Гадамес, Либија
Оваа оаза во средината на пустината, на околу 650 километри од Триполи, е дел од светското наследство на УНЕСКО, а исто така и една од светските најжешки точки.
Наводно, овде е забележана температура од 55ºC, каде што колибите од кал им помагаат на жителите да се заштитат од силната топлина.
М. Ѓ. | Црнобело