„Доживеав клиничка смрт кога се породував – ја видов баба ми која почина пред 10 години“
- Детали
- понеделник, 05 февруари 2024
Стефани од САД била мртва 37 секунди, видела како лекарите ја оживуваат, а потоа ѝ се појавила и нејзината почината баба...
Стефани Арнолд од САД за време на втората бременост во 2013 година имала страв и претчувство дека ќе умре за време на породувањето - и, не била далеку од вистината.
Во документарецот на Нетфликс, „Surviving Death“, Стефани раскажува дека доживеала клиничка смрт 37 секунди за време на породувањето бидејќи имала состојба наречена плацента превиа, односно погрешна положба на плацентата.
„Ми беше многу тешко, уште додека не знаев дека плацентата ми е во погрешна положба. На сопругот му кажав дека претчувствувам дека нешто лошо ќе се случи, но не знаев што.
Кога некој ќе ме прашаше како ми е во бременоста, секогаш сакав да одговорам дека ќе умрам“, вели таа.
Застрашувачки факт е дека Стефани била во право.
Откако го родила синот Џејкоб, нејзиното срце престанало да чука и била мртва 37 секунди.
„Имав царски рез, Џејкоб се роди целосно здрав и среќен, но секунда подоцна престанав да дишам. Се чувствував како да сум во 3Д филм и можев да се видам себеси надвор од моето тело. Како да бев над себе, а понекогаш и до мене.
Видов сѐ што се случува во собата. Видов како лекарите ме оживуваат. Сè некако се движеше околу мене, ги видов сите драги луѓе - дури и баба ми која почина пред 10 години.
Сигурна сум дека чекаше пред портите на рајот. Се појави и братот на мајка ми, заедно со ќерка ми и мајка ми“, раскажува Стефани.
Таа вели и дека ги слушнала лекарите како панично велат дека ова не смее да се случува и дека не смеат да ја загубат.
Пред да се врати во живот, почувствувала силен притисок во стомакот.
После тоа шест дена била во индуцирана кома и едниот бубрег ѝ откажал.
Морала повторно да научи да оди и да зборува, а целата ситуација, вели, оставила големa трагa врз нејзиниот живот.
С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм