„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“

„Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи, сметате дека сте мошне модерни, но тоа не е така. Факт е дека имате други проблеми“ – тврди девојка која на 23 години се гледала со старец. Признава дека сега сфатила колку голема грешка направила.

na-23-godini-imav-vrska-so-80-godishen-starec-ne-mi-nedostasuvaat-negovite-vilici-i-loshiot-zdiv-01.jpg

Иако многумина тврдат дека љубовта не познава граници и дека годините се само број, поранешна британска ѕвезда од реално шоу одлучи да биде искрена за тоа што може да се очекува од врските во кои постои огромна генерациска разлика меѓу партнерите.

na-23-godini-imav-vrska-so-80-godishen-starec-ne-mi-nedostasuvaat-negovite-vilici-i-loshiot-zdiv-02.jpg

Стефани Мато во моментов има 32 години, а на социјалните мрежи зборуваше за периодот кога се гледала со 80-годишен старец, кога имала само 23 години.

„На мојот поранешен дечко му посакувам да почива во мир, понекогаш ми недостасува.

Но, не ми недостасува лошиот здив, вештачките вилици или лошото расположение наутро.

Знам дека за мртвите не треба да се зборува лошо, но тој ми беше дечко. Мислам дека беше постар од моите баба и дедо“ – вели таа.

na-23-godini-imav-vrska-so-80-godishen-starec-ne-mi-nedostasuvaat-negovite-vilici-i-loshiot-zdiv-03.jpg

Стефани вели дека врската со повозрасен маж е знак дека имате последици од нарушениот однос со таткото и не препорачува да пробате нешто такво.

„Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи, сметате дека сте мошне модерни, но тоа не е така. Факт е дека имате други проблеми“ – вели таа.

na-23-godini-imav-vrska-so-80-godishen-starec-ne-mi-nedostasuvaat-negovite-vilici-i-loshiot-zdiv-04.jpg

„Мислам дека се плашев да се гледам со помлади момчиња што ќе ме искористат само за телото или за парите“ – вели таа и додава дека потоа сфатила дека била глупава на сосема поинаков начин.

Стефани порачува дека повозрасните мажи не се позрели и дека тоа што се во години, не значи дека нема да ве изневерат.

„И возрасните мажи може да ве изневерат. Мислите дека ако либидото им е намалено, нема да ве изневерат?

Но, постои и емотивно неверство и не можете да замислите колку поранешни девојки имаше тој.

Дали знаете на колку девојки им се додворуваше во пензионерскиот дом?“ – вели таа.

na-23-godini-imav-vrska-so-80-godishen-starec-ne-mi-nedostasuvaat-negovite-vilici-i-loshiot-zdiv-05.jpg

Стефани за крај вели дека кога ќе забележите дека некој повозрасен маж се додворува на многу помлада девојка, тоа треба да го сфатите како сигнал дека од него треба да бегате.

Погледнете го видеото:

@stephaniematto

What it was like dating an 80 year old! #agegapcouple #agegap #datingold

♬ original sound - Stepankamatto

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg