„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“

„Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо сексуално, само готвење храна. Тој дури и не прецизираше што сака да направам, па ја зготвив мојата вечера и добив 200 фунти за тоа. Морав да испратам и видео заедно со долната облека, за да докажам, што беше некако смешно“, открива млада жена која заработува на мошне бизарен начин - ја продава својата долна облека.

ja-prodavam-mojata-koristena-dolna-obleka-zarabotuvam-nad-4-000-evra-mesechno-01.jpg

Девојка од Англија нашла бизарен начин да заработува: ја продава својата користена долна облека. Таа првпат се впуштила во ова кога имала 22 години и била на факултет, па барала начини да допре до дополнителен извор на приход.

Од своите познаници и социјалните мрежи дознала за луѓе кои ги продаваат своите користени работи преку интернет, па пребарувала за да дознае како функционира сето тоа. Најпрво била шокирана од сознанието дека девојки добро заработуваат продавајќи ја нивната долна облека, затоа што тогаш не ни размислувала за тоа како можност за работа.

На почетокот се чувствувала поразително, зашто никогаш порано не направила нешто слично, ниту пак разговарала на тема секс со момчиња кои не ги познава.

prodavajkji-ja-mojata-koristena-dolna-obleka-zarabotuvam-i-do-4000-funti-mesechno-03.jpg

Потоа почнала да размислува за тоа како би ја гледале нејзините пријатели и семејството и што би мислеле за нејзината постапка и, на крај, дали е тоа нешто што навистина сака да го прави.

По уште малку дополнително пребарување на интернет, сфатила дека можноста да ја продава користената долна облека и од тоа да заработува пари, е премногу добра за да ја пропушти, без разлика колку чудно изгледа.

Избрала страница за продавање и купување користени предмети, обично долна облека, па го создала својот профил, додавајќи го нејзиното име и возраст. На почетокот, прикачувајќи ја нејзината прва фотографија, била нервозна, затоа што ја има онлајн и сите ќе може да ја видат.

Била вознемирена и многупати била на работ на откажувањето, но сепак, можноста за заработка на пари била одлучувачки фактор за да остане.

prodavajkji-ja-mojata-koristena-dolna-obleka-zarabotuvam-i-do-4000-funti-mesechno-02.jpg

По една недела се случила нејзината прва продажба, која била околу 70 фунти, па тогаш ниту таа самата не можела да поверува што се случува. Била возбудена и се мотивирала да вложи повеќе труд во она што го прави, поставувајќи повеќе производи и интеракција со потенцијалните купувачи.

„Ако клиентот ме праша дали имам нешто црвено или со тантела, би го охрабрила да праша што би сакал да правам додека ја носам долната облека“, вели девојката за британскиот медиум Metro.

Со текот на времето, не ѝ пречело тоа што барањата станувале поконкретни, но знаела дека не сака никого да запознае лично или да сподели одредени свои податоци.

Освен долна облека, луѓето барале чорапи, хулахопки, здолништа, дури и фустани.

„Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо сексуално, само готвење храна. Тој дури и не прецизираше што сака да направам, па ја зготвив мојата вечера и добив 200 фунти за тоа.

Морав да испратам и видео заедно со долната облека, за да докажам, што беше некако смешно“, открива девојката.

prodavajkji-ja-mojata-koristena-dolna-obleka-zarabotuvam-i-do-4000-funti-mesechno-04.jpg

Со текот на времето изградила врска со нејзините редовни клиенти, па иако таа не споделувала премногу за себе, ги сослушувала клиентите и тие ја чувствувале како нивна пријателка.

Во просек заработувала околу 1.400 фунти месечно, но понекогаш заработувала и близу 4.000.

prodavajkji-ja-mojata-koristena-dolna-obleka-zarabotuvam-i-do-4000-funti-mesechno-03.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg