Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Беше само 1 година постара од зетот - Што знаеме за мајката на Меланија Трамп која почина на 78 години?

Мајката на Меланија Трамп почина на возраст од 78 години. Што знаеме за жената која има потекло од Словенија, а беше само 1 година постара од зетот Доналд Трамп?

beshe-samo-1-godina-postara-od-zetot-shto-znaeme-za-majkata-na-melanija-tramp-koja-pochina-na-78-godini-01.jpg

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп соопшти дека нејзината мајка Амалија Кнавс починала на возраст од 78 години.

Меланија во вторникот (09.01) на својот Твитер профил ги соопшти тажните вести, па напиша:

„Со длабока тага објавувам дека мојата драга мајка Амалија почина. Таа беше целосно посветена на сопругот, ќерките, внукот и нејзиниот зет. Неизмерно ќе ни недостасува и ќе продолжиме да го почитуваме нејзиното дело“.

beshe-samo-1-godina-postara-od-zetot-shto-znaeme-za-majkata-na-melanija-tramp-koja-pochina-na-78-godini-02.jpg

Познато е дека мајката на Меланија, во периодот пред смртта, живеела заедно со сопругот и ќерката на имотот на нејзиниот зет „Мар а лаго“. Нејзината здравствена состојба била влошена, па затоа Меланија празниците ги поминала заедно со неа во болница.

Што знаеме за Амелија Кнавс, мајката на Меланија?

Амалија, исто како и таткото на Меланија, Виктор, потекнува од словенечкото гратче Севница кое се наоѓа на околу 1 час возење од Љубљана.

beshe-samo-1-godina-postara-od-zetot-shto-znaeme-za-majkata-na-melanija-tramp-koja-pochina-na-78-godini-03.jpg

Амалија и Виктор се запознале во 1967-ма година, додека таа работела во текстилна фабрика за детска облека и на почетокот живееле во двособен стан во Севница. Виктор во овој период бил возач на градоначалникот.

beshe-samo-1-godina-postara-od-zetot-shto-znaeme-za-majkata-na-melanija-tramp-koja-pochina-na-78-godini-06.jpg

Нивната финансиска состојба значително се подобрила откако Виктор почнал да работи како патувачки трговец за продажба на автомобили.

Познато е дека тие поседувале своја колекција автомобили, а Амалија секогаш била дотерана и уредна.

beshe-samo-1-godina-postara-od-zetot-shto-znaeme-za-majkata-na-melanija-tramp-koja-pochina-na-78-godini-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg