Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Француско село каде сите жители имаат Алцхајмерова болест - како им изгледа животот?

Селото Ланде е експеримент за да се види дали отстранувањето на стресот кај личностите со Алцхајмерова болест, може да помогне за да се забави прогресијата на болеста.

francusko-selo-kade-site-zhiteli-imaat-alchajmerova-bolest-kako-im-izgleda-zhivotot-01.jpg

Во југозападна Франција постои уникатно село каде што сите жители страдаат од деменција.

Во селото Ланде, за во продавницата не се потребни пари, така што никој не мора да се сети дека со себе треба да го понесе својот паричник.

vo-ova-francusko-selo-site-zhiteli-se-so-alchajmerova-bolest-05.jpg

Покрај продавницата и ресторанот, тамошните жители имаат можност да посетуваат театар и да учествуваат во забавни активности.

Идејата е на жителите да им се даде што е можно поголема слобода.

vo-ova-francusko-selo-site-zhiteli-se-so-alchajmerova-bolest-02.jpg

Селото Ланде е всушност експеримент, за да се види дали отстранувањето на стресот кај личностите со Алцхајмерова болест, може да помогне за да се забави нејзината прогресија.

Експериментот е предводен од тим истражувачи од Универзитетот во Бордо, на чело со професорката Хелен Амиева, која ги посетува жителите на секои шест месеци за да разговара со нив и да следи дали болеста напреднала.

vo-ova-francusko-selo-site-zhiteli-se-so-alchajmerova-bolest-04.jpg

Според професорката Амиева, семејствата чувствуваат помалку вина знаејќи дека нивните блиски живеат во тоа село и дека стручни лица се грижат одлично за нив. 

„Она што го порано го гледавме кога луѓето влегуваа во институциите, беше забрзан когнитивен пад, а овде тоа не е забележано.

Имаме неколку причини да веруваме дека ’институциите‘ од ваков вид може да влијаат на движењето на клиничките резултати“, вели таа.

vo-ova-francusko-selo-site-zhiteli-se-so-alchajmerova-bolest-03.jpg

Жителите плаќаат годишен надомест од 28.000 евра, во споредба со околу 20.000 евра за поконвенционален дом за стари лица.

Сепак, и регионалната француска влада одвоила средства за ова село, во кое живеат околу 120 жители, но и исто толку здравствени работници и волонтери.

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Ги прекрши правилата на настапот, страда од АДХД – Која е Иркинката што изведе сатанистички ритуал н... Како тинејџерка била принцеза на роденденски забави за деца со посебни потреби, ...
Детали за мистериозниот случај на девојката најдена со скршеници во Дубаи – наводно била жртва на ра... Украинката која беше најдена со скршени екстремитети и ’рбет во Дубаи ги разгоре...
Гламурозна Британка брутално искрена: „Водам борба со хормоните, со двојна брада, со брчки и исцрпен... „Штом ќе отвориш Инстаграм, те напаѓаат мазна кожа, чисти домови, среќни врски и...
„Родив дете со трансплантирана маткa – сестра ми беше донор и ми ја исполни желбата да станам мајка“ По успешна трансплантација на матка, жена од Англија роди ќерка. Донор на маткат...
Видеа од олимпијци кои ги тестираат креветите во Париз - Дали навистина не може да издржат секс? Штом може да издржат скокање и вежбање може да издржат и секс. Ова е заклучокот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg