„Родив дете со трансплантирана маткa – сестра ми беше донор и ми ја исполни желбата да станам мајка“
- Детали
- среда, 09 април 2025
По успешна трансплантација на матка, жена од Англија роди ќерка. Донор на матката бил сестра ѝ, која веќе имала две деца и сакала да ѝ помогне да го искуси мајчинството.
Трансплантацијата на матка е релативно нова процедура и ширум светот досега се направени над 100 вакви операции.
Процедурата им се прави на жени кои се родени без матка или кои имаат сериозни проблеми со овој орган поради што не можат да забременат.
Благодарение на операцијата, во светот досега се родени околу 50 бебиња.
Неодамна, млад пар од Англија си ја исполни желбата за дете токму со трансплантација на матка.
Грејс и Ангус сонувале да станат родители уште откако ја почнале врската. Но, на 19-годишна возраст, Грејс дознала дека е родена без матка.
„Се чувствував како нецелосна личност. Иако имав само 19 години, уште тогаш знаев дека мајчинството е нешто што сакам да го искусам“, вели Грејс кој денес има 36 години.
Таа и сопругот Ангус се запознале кратко откако дознала за својот здравствен проблем. Кога почнале да зборуваат за брак, Грејс се плашела дека ќе ја остави бидејќи не може да има деца.
Но, Ангус вели дека иако тагувал за Грејс, неговите чувства кон неа не се промениле.
„Уште откако ја запознав знаев дека сакам да се венчам со неа“.
Иако не знаеле како, Ангус и Грејс не се откажувале од желбата еден ден да имаат деца.
Размислувале и за сурогат мајка, но Грејс сонувала таа самата да го роди своето дете.
Кога во 2014 година било родено првото дете од жена со трансплантирана матка, на Грејс и Ангус им станало јасно дека и за нив има надеж.
Па, следната година, Грејс веќе била на листата за чекање за трансплантација на матка.
Три години немало никаков прогрес бидејќи немало донор. Па, тимот експерти решил да почне да се фокусира на барање жив донор.
Најпрво, мајка ѝ на Грејс понудила да биде донор, но операцијата била откажана откако биле забележани проблеми со нејзината матка.
Следно истапила сестрата на Грејс – Ејми. Таа веќе имала родено две деца и само сакала да ѝ помогне на сестра ѝ.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





