Видеа од олимпијци кои ги тестираат креветите во Париз - Дали навистина не може да издржат секс?

Штом може да издржат скокање и вежбање, може да издржат и секс. Ова е заклучокот за олимписките кревети во Париз, откако неколку олимпијци ја тестираа нивната издржливост.

videa-od-olimpijci-koi-gi-testiraat-krevetite-vo-pariz-dali-navistina-ne-mozhe-da-izdrzhat-seks-01.jpg

Пред почетокот на Олимпијадата во Париз, голема прашина се крена во јавноста и за картонските кревети што првпат беа воведени во Токио, а се застапени во собите на олимпјиците и годинава.

Пејоративно, креветите во медиумите и на социјалните мрежи беа нарекувани како „анти-секс кревети“, затоа што се тесни и не би можеле да ја издржат тежината на двајца партнери во нив.

Но, неколку олимпијци се обидоа да ја пробијат оваа теорија и покажаа дека не станува збор за парче мебел што лесно може да се уништи.

Меѓу нив беше и британскиот нуркач Том Дејли, кој на својот ТикТок профил објави кратко видео во кое ја покажа издржливоста на креветот на којшто спие за време на Олимпијадата.

„За сите што се прашуваат какви се картонските кревети во олимпиското село, ќе ви покажам.

Ова е картон, како што можете да видите, наликува на кутија. Имате душек.

И како што можете да видите, многу се цврсти“ – вели нуркачот и почна да скока на креветот.

@tomdaley

CARBOARD BEDS IN THE OLYMPIC VILLAGE! #paris2024 #olympics

♬ original sound - Tom Daley

Во еден миг тој застана потпрен на нозете и рацете, па многумина се пошегуваа со него, затоа што покажал дека креветите навистина може да издржат секс.

Освен него, и австралиските тенисерки Дарија Севил и Елен Перез објавија видео во кое ја тестираа издржливоста на креветите.

Демонстрираа дека на креветите може да се вежба, да се скока, да се вежба одбојка...

Кликнете на објавата за да го видите видеото:

Прочитајте и Изработени се од картон, може да издржат до 250kg – Зошто олимпијците во Париз ќе спијат на „анти-секс“ кревети?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Учителка ги вежба дечињата во градинка во Кина како да избегаат при пожар (видео) Со импровизација на пожар со чад и сирена, учителка во Кина обучува деца во град...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
Емотивен потег: Татко со солзи во очи, откако непознат маж му ја платил сметката за појадок со децат... „Само што се расплакав во јавност, откако непознат човек ја плати сметката за не...
Беше жив Кен, а сега е пластична жена со секси дечко покрај неа – кожата ѝ се распаѓа по операциите Од жив Кен сакаше да се претвори во Барби, но неуспешно - пријателите велат дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg