Шведска овозможува породилно отсуство за бабите и дедовците – ќе добиваат пари за да се грижат за внуците

Според нов закон во Шведска, родителите можат да префрлат денови од нивното породилно отсуство на бабата или дедото на детето. Односно, бабата или дедото ќе добиваат исплата за да се грижат за внуците, додека да наполнат четири месеци.

shvedska-ovozmozhuva-porodilno-otsustvo-za-babite-i-dedovcite-kje-dobivaat-pari-za-da-se-grizhat-za-vnucite-01.jpg

Кога станува збор за породилно отсуство, малку држави можат да се споредат со Шведска.

Шведска е првата земја во светот која воведе породилно отсуство за татковци, и тоа уште пред 50 години.

Сега, со нов закон донесен на почетокот јули, шведските власти одат чекор подалеку и овозможуваат еден вид породилно отсуство за бабите и дедовците.

Според новиот закон, родителите ќе можат да го поделат породилното отсуство со бабите и дедовците на бебето.

shvedska-ovozmozhuva-porodilno-otsustvo-za-babite-i-dedovcite-kje-dobivaat-pari-za-da-se-grizhat-za-vnucite-05.jpg

Односно, дел од деновите од нивното породилно отсуство може да бидат префрлени за бабата или дедото.

Бабите и дедовците ќе може да го искористат породилното отсуство во првите три месеци од животот на бебето.

Во семејствата со двајца родители, може да се префрлат до 45 дена, додека самохраните родители можат да префрлат до 90 дена од нивното породилно отсуство.

За ова, бабите и дедовците ќе добиваат и паричен надомест – исто како родителите кои се на породилно.

shvedska-ovozmozhuva-porodilno-otsustvo-za-babite-i-dedovcite-kje-dobivaat-pari-za-da-se-grizhat-za-vnucite.jpg

За потсетување, родителите во Шведска добиваат 480 денови породилно отсуство.

390 денови од отсуството добиваат исплата пресметана според нивната плата, додека останатите 90 добиваат по 17 долари дневно.

Тие имаат и други бенефити – можат да работат со скратено работно време додека детето да наполни осум години.

Владините работници, пак, добиваат скратени работни часови до 12-тиот роденден на детето.

shvedska-ovozmozhuva-porodilno-otsustvo-za-babite-i-dedovcite-kje-dobivaat-pari-za-da-se-grizhat-za-vnucite-03.jpg

Бабите и дедовците кои ќе користат породилно отсуство треба да исполнуваат некои услови.

Најпрво треба да имаат здравствено осигурување, а додека ја користат исплатата, не треба да бараат работа.

Исплатата, пак, се пресметува врз основа на нивната пензија.

shvedska-ovozmozhuva-porodilno-otsustvo-za-babite-i-dedovcite-kje-dobivaat-pari-za-da-se-grizhat-za-vnucite-02.jpg

Според Voice of America, околу 30% од татковците во Шведска го користат породилното отсуство, а се очекува интересот да биде дури и поглем кај бабите и дедовците.

shvedska-ovozmozhuva-porodilno-otsustvo-za-babite-i-dedovcite-kje-dobivaat-pari-za-da-se-grizhat-za-vnucite-06.jpg

Што мислите за законите за породилно отсуство во Шведска?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родители ја изгладнувале ќерката – на 17 години имала 27kg: Случај од Австралија ја згрози јавноста Во Австралија, во процес е судење на родители кои ја изгладнувале нивната ќерка ...
„Бев сурогат мајка за родители кои побараа од мене да абортирам - Го родив бебето против нивна волја... Што прават сурогат мајките кога родителите среде бременост ќе им кажат дека се п...
Жена ги покажа негативните страни на брзото слабеење со Оземпик - Испуштена кожа, испиено лице, спле... Што се случува со телото, кога наместо со вежбање и здрава исхрана ќе се обидете...
Кул 94-годишна бабичка од САД: „Го откачив бившиот и кажете им на дедовците дека пак сум слободна“ „Никој нема да ми каже да замолчам. Немојте да дозволите некој некогаш да ви каж...
Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка „Објавија и лажно видео од Кејт? Значи никогаш повеќе нема да ја видиме“, е еден...
Исповед на маж: „Ја започнав процедурата за да станам трансродова личност – пресреќен сум што се отк... „Има луѓе кои не се трансродови и промената на полот им е начин за да станат нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg