Родители ја изгладнувале ќерката – на 17 години имала 27kg: Случај од Австралија ја згрози јавноста

Во Австралија, во процес е судење на родители кои ја изгладнувале нивната ќерка и ја терале да игра балет. Кога имала 17 години, тие лажеле дека има 14, тврделе дека е здрава и дека јаде само органска и веганска храна.

roditeli-ja-izgladnuvale-kjerka-im-i-ja-terale-da-igra-balet-na-17-godini-imala-edvaj-27kg-sluchaj-od-avstralija-ja-zgrozi-javnosta01.jpg

Во Перт, Австралија, во тек е судење за случај што ја згрози јавноста.

Имено, мајка и татко ја изгладнувале нивната ќерка и ја терале да игра балет, а дури и лажеле за нејзината возраст.

Кога надлежните дознале за случајот, родителите лажеле дека нивната 17-годишна ќерка има всушност 14 години, а кога службите за заштита дознале за малтретирањето, таа тежела едвај 28 килограми.

Детали за грозоморниот случај за кој судењето уште е во тек:

17-годишната девојка, чиј идентитет не е откриен од безбедносни причини, не одела на училиште и живеела со нејзините родители во австралискиот град Перт.

Родителите ја терале да оди на часови по балет и ја присилувале да тренира интензивно, а ова бил нејзиниот единствен контакт со надворешниот свет.

roditeli-ja-izgladnuvale-kjerka-im-i-ja-terale-da-igra-balet-na-17-godini-imala-edvaj-27kg-sluchaj-od-avstralija-ja-zgrozi-javnosta-07.JPG

Со висината од 147 сантиметри, девојката тежела едвај 28 килограми, па нејзината учителка по балет почнала да се загрижува.

Разговарала со мајка ѝ за тежината на девојчето, но таа упорно тврдела дека здравјето на ќерка ѝ е одлично.

Во 2020-та, по 4 месеци неуспешни обиди да разговара со родителите за состојбата на девојчето, учителката одлучила дека е време да ги контактира службите за заштита на деца.

Откако и неколку родители на деца кои оделе на часови по балет со девојката ја изразиле својата загриженост, социјалните служби одлучиле да почнат истрага.

roditeli-ja-izgladnuvale-kjerka-im-i-ja-terale-da-igra-balet-na-17-godini-imala-edvaj-27kg-sluchaj-od-avstralija-ja-zgrozi-javnosta-06.JPG

Најпрво, тие му рекле на таткото на девојчето да ја однесе на лекар кој ќе даде потврда дека нема проблеми со здравјето.

Тој отишол на лекар, но не со ќерка му, туку побарал од него да потпише лажна потврда дека девојката е здрава.

Кога лекарот одбил и пријавил, социјалните служби отишле во домот на семејството. Но, таму не успеале да го видат девојчето, единствено таткото кој не им дозволувал да влезат во куќата.

До април 2021-ва, под притисок од надлежните, родителите сепак го однеле девојчето на лекар.

Но, таму излажале за нејзината возраст – наместо 17, рекле дека има 14 години.

roditeli-ja-izgladnuvale-kjerka-im-i-ja-terale-da-igra-balet-na-17-godini-imala-edvaj-27kg-sluchaj-od-avstralija-ja-zgrozi-javnosta-08.JPG

На денот кога отишле во ординацијата, девојката која била висока 147,5 сантиметри тежела само 27,3 килограми – тежина која е просечна за дете од девет години.

И покрај тоа што била во пубертет, поради неисхранетоста, девојката немала добиено ни менструација.

Сепак, татко ѝ стоел на ставот дека таа се храни одлично и е во добра здравствена состојба.

Мајка ѝ, пак, му кажала на лекарот дека следи „здрава веганска исхрана“, и најчесто јадела органски круши, органски јагоди, супа и сладолед.

roditeli-ja-izgladnuvale-kjerka-im-i-ja-terale-da-igra-balet-na-17-godini-imala-edvaj-27kg-sluchaj-od-avstralija-ja-zgrozi-javnosta-05.JPG

Кога лекарот им рекол дека ќерка им е во животна опасност и дека треба да ѝ се направи детален преглед, родителите само се пожалиле дека им се меша во приватноста.

Кога социјалните служби им се заканиле, родителите попуштиле, па девојката била ставена на интензивна нега.

Но, родителите упорно тврделе дека ќерка им само имала „слаба градба и е предвремено родено бебе“ и постојано биле во болницата.

Според вработените во болницата, родителите сакале да ја надгледуваат ќерка им дури и кога оди во тоалет.

roditeli-ja-izgladnuvale-kjerka-im-i-ja-terale-da-igra-balet-na-17-godini-imala-edvaj-27kg-sluchaj-od-avstralija-ja-zgrozi-javnosta-10.JPG

Во една пригода, забележале и дека кога ги миела забите, мајка ѝ стоела покрај неа и ѝ кажувала колку време да ги четка забите, а кога да ја плукне пастата.

По неколку вакви инциденти, надлежните ја презеле контрата во свои раце, им забраниле на родителите да се мешаат во третманот и за 50 дена поминати во болница, девојчето качило седум килограми, па и пораснало 3,4 сантиметри.

Тој период се дознало и дека таткото го лажирал изводот на девојчето и дека тоа нема 14, туку 17 години.

Сепак, лекарите истакнале дека родителите ја третирале како мало дете – ѝ пуштале цртани и серии како „Телетабиси“, а за роденден ѝ купиле Барби кукла.

Моментално родителите се соочуваат со тужба за малтретирањето на нивната ќерка, а судењето е во тек.

roditeli-ja-izgladnuvale-kjerka-im-i-ja-terale-da-igra-balet-na-17-godini-imala-edvaj-27kg-sluchaj-od-avstralija-ja-zgrozi-javnosta-09.JPG

На неодамнешно сослушување, била повикана учителката по балет која како лекарите, потврдила дека девојката била третирана како мало дете.

Секогаш носела детски фустанчиња, а кога мајка ѝ ја носела на часови, чекала пред студиото.

Учителката била згрижена дека девојчето има анорексија, па затоа интервенирала.

roditeli-ja-izgladnuvale-kjerka-im-i-ja-terale-da-igra-balet-na-17-godini-imala-edvaj-27kg-sluchaj-od-avstralija-ja-zgrozi-javnosta-02.JPG

Од друга страна, адвокатот на родителите тврдел дека тие само ја опсипувале со љубов, ѝ давеле што и да посака, како и дека била слаба бидејќи била пребирлива во врска со јадењето.

Засега не е познато колку долго ќе трае судењето, ни колкава казна би добиле родителите ако бидат прогласени за виновни.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg