Параолимпиецот Писториус си ја уби девојката, отслужи затвор, сега си фати нова девојка - нејзина копија
- Детали
- среда, 18 декември 2024
Новата девојка на Оскар Писториус (38), олимпискиот параолимпиец кој помина 9 години во затвор за убиството на бившата девојка, има иста насмевка, коса и градба на тело, како неговата бивша.
Јужноафриканскиот параолимпиец, Оскар Писториус (38), на Свети Валентин 2013 година ја уби својата девојка, а сега, по излегувањето од затвор во јануари 2024-та, повторно е во фокусот на јавноста откако си фати девојка која е нејзина копија.
Тој во текот на целото судење инсистирал и повторувал дека ја убил девојката мислејќи дека се работи за крадец (со 4 куршуми преку вратата од тоалетот) и дека не станува збор за убиство со умисла.
Тој беше пуштен на условна слобода од јужноафрикански затвор по 9 отслужени години затвор од вкупно 13 кои ги доби со пресудата за убиството на неговата девојка Рива Стинкамп.
Рива Стинкамп
Рива Стинкамп
Семејството на убиената Рива е згрозено затоа што никогаш не поверувало во приказната на Оскар, а мајката на Рива оди дотаму што испраќа апел до неговата нова девојка дека наскоро доаѓа Свети Валентин (празникот на кој нејзината ќерка била убиена).
Мајката на Рива Стинкамп
Новата девојка на Оскар е русокосата Рита Грејлинг (33) од Јужна Африка. Таа има иста насмевка, коса и градба на тело, како неговата поранешна.
Писториус има ампутација на двете нозе од потколеницата надолу.
Повеќе фотографии од новата девојка:
С. С. | Црнобело