Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Писториус не е виновен за убиството на својата девојка

Јужноафриканскиот параолимпиец, кој на Св. Валентин минатата година ја уби својата девојка, е ослободен од оптужбите за убиство со умисла.

pistorius-ne-e-vinoven-za-ubistvoto-a-svojata-devojka-no-sudenjeto-prodolzuva-utre-01.jpg

Судењето за денес е завршено, а утре од 8:30 по локално време судијката ќе продолжи со читањето на пресудата на Писториус.

Судијката ги разгледувала можностите што би се случило ако друго лице е на негово место.

„Можел да го земе мобилниот и да повика полиција или да оди на балконот и да викне помош, што и направил по пукањето. Би му требало многу помалку време да оди до балконот, отколку до бањата,“ рекла судијката.

„Разумната личност не би испукала 4 куршуми во врат. Разумната личност би направила било што за да ја спречи смртта. Реагирал претерано и нагло, очигледно бил несвесен.“

Писториус во текот на целото судење инсистирал и повторувал дека ја убил девојката мислејќи дека се работи за крадец.

Пред изрекувањето на пресудата, судијката рекла дека државното судство не докажало дека Писториус е крив за убиство со умисла.

„Државата не докажа дека оптужениот е крив за убиство со мисла. Нема доволно факти кои би го поддржале тоа тврдење,“ гласела пресудата.

Судијката исто така признала дека девојката е убиена под необични околности кои немаат преголема смисла. Изјавила и дека остануваат низа неодговорени прашања за кои може само да се шпекулира.

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Девојка, што глуми сирена, беше нападната од џиновска риба во аквариум во Кина (видео) Маша од Русија за време на својата изведба во аквариумот станува мета на џиновск...
Девојка објавила формулар за кандидати за партнер, слично како оглас за работа Од хороскопски знак до „колку луди бивши имаш“ се прашањата во формуларот за мом...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg