Позитива на денот – Детенце (13) со Даунов синдром оди на кино со соученици: „Му го разубавија денот кога го поканија“
- Детали
- среда, 25 септември 2024
Во вирално ТикТок видео се гледа детенце со Даунов синдром кое радосно чека да пристигнат неколку пријатели од училиште и да го однесат на кино. Неговата мајка открива дека соучениците му го разубавиле денот, што е очигледно и од самото видео.
Уште постои стигмата за лица со Даунов синдром, но за среќа гледаме и напредок.
Доказ за ова е и вирално видео споделено од мајка на детенце со Даунов синдром.
Во видеото, кое има над 1 милион лајкови и уште повеќе прегледи, мајката Кимберли открива дека нејзиниот син бил поканет на кино од другарчињата од училиште.
Син ѝ Џек има 13 години, а таа вели дека како и секое дете, само сака да биде прифатен од околината.
„Вчера, училишните пријатели на Џек ми се јавија и прашаа дали може да го однесат на кино. Секако дека реков да!
Џек нервозно чекаше да пристигнат, но беше и возбуден. Многу ми се допаѓа што го прифаќаат и го третираат како нивен пријател.
Одењето на кино му го разубави денот“, пишува во описот на видеото.
Мајка му Кимберли советува и сите кои познаваат лице со Даунов синдром, да не се двоумат да го поканат на дружба.
„Нема да зажалите што ќе направите нешто добро за некој како Џек“.
Во видеото се гледа како малиот Џек чека пред куќата да пристигнат пријателите.
Со себе носи и кофа за пуканки и пластична чаша за пијалак.
„Сака да биде вклучен и да има пријатели како секој друг – денес, неговите пријатели го поканија на кино и ова му го разубави денот!“ – пишува на видеото.
Кога пријателите пристигнуваат, сите излегуваат од автомобилот и се поздравуваат со Џек кој, пак, изгледа пресреќно.
На возачкото седиште од автомобилот се гледа и мајката на едно од децата.
По завршувањето на филмот, тие го враќаат Џек дома, а тој радосно вели:
„Се дружев со моите пријатели“.
Во коментари има само убави зборови за Џек и децата.
Има и родители на деца со посебни потреби кои велат дека ваквите гестови, иако мали, сепак значат многу.
„Децата се добро воспитани“.
„Како мајка на дете со посебни потреби, се расплакав“.
„Браво за децата што истапија и покажаа добрина и љубов! Нивните родители ги воспитале правилно!“
„Џек е прекрасен. Секако дека неговите пријатели сакаат да се дружат со него – кој не би?“
„Се расплакав. Можам само да замислам колку им значело ова на Џек и мајка му“.
„На училиште, во 1980-тите, имавме посебен пријател и до денес уште го каниме на сите собири. Многу е позитивен и ни носи радост на сите“.
„Мојот 13-годишен син има аутизам и пријател од училиште го викна да возат велосипед. Ова е нешто што се случи првпат, па целосно ви ја разбирам возбудата!“
Погледнете го видеото во продолжение:
@kimberly.dowdell Yesterday, Jack's friends from school called and asked if they could take him to a movie. Of course, I said YES! Jack anxiously anticipated their arrival and was so excited to see them. I love how much they embrace him and treat him like one of their own. It completely made his day! Make the invitation, put forth the effort – you will never regret the outcome and the good it will do for someone like Jack. #downsyndrome #inclusionmatters #downsyndromerocks #momsoftiktok #momlife
♬ What A Wonderful World [Live] - Sarah Kroger
Спирова С. | Црнобело