„Имав 146kg – не ми дозволија да влезам во болнички хеликоптер со ќерка ми и решив да ослабам“

Даниел од САД ослабела над 90 килограми откако не ѝ било дозволено да влезе во болнички хеликоптер кој ја пренесувал ќерка ѝ до болница. По овој настан, таа почнала да се храни здраво и да вежба, а добила и инјекции за слабеење од лекар, и сега се надева дека ќе собере пари за да го отстрани вишокот кожа од стомакот.

imav-146-kg-ne-mi-dozvolija-da-vlezam-vo-bolnichki-helikopter-so-kjerka-mi-i-reshiv-da-oslabam-001.jpg

Даниел Хачинсон од САД тежела 146 килограми, а сфатила дека е време да промени нешто кога ќерка ѝ морала да биде пренесена во болница со хеликоптер.

Тогаш, болничарите ѝ рекле на Даниел дека е ризично и таа да влезе во хеликоптерот поради нејзината тежина.

До денес, 32-годишната мајка на две деца има ослабено над 90 килограми.

Сега таа ја споделува својата приказна со надеж дека ќе ги мотивира другите кои биле во слична положба да почнат да работат на себе.

tezhev-146-kg-ne-mi-dozvolija-da-vlezam-vo-bolnichki-helikopter-so-kjerka-mi-i-reshiv-da-oslabam-07.jpg

Во декември 2022 година, ќерката на Даниел добила напад на астма и не можела да дише.

Девојчето, кое тогаш имало околу две години, морало веднаш да биде пренесено во болница.

За таа цел, болницата испратила хеликоптер, но кога Даниел пробала да влезе внатре, не ѝ дозволиле.

Болничарите ѝ рекле дека е премногу тешка и постои ризик од претовар. Па, Даниел отишла до болницата со автомобил.

tezhev-146-kg-ne-mi-dozvolija-da-vlezam-vo-bolnichki-helikopter-so-kjerka-mi-i-reshiv-da-oslabam-03_copy.jpg

Младата мајка вели дека овој миг бил пресвртна точка во нејзиниот живот и одлучила да направи драстична промена.

„Имав прекумерна тежина скоро целиот живот. Грижата за себе никогаш не ја гледав како приоритет, туку поважни ми беа децата.

Но, кога не можев да бидам со ќерка ми во хеликоптерот, сфатив дека ако не се грижам за себе, нема да можам да се грижам ни за децата“, раскажува Даниел.

tezhev-146-kg-ne-mi-dozvolija-da-vlezam-vo-bolnichki-helikopter-so-kjerka-mi-i-reshiv-da-oslabam-05.jpg

Таа се присетува и на ситуацијата со хеликоптерот.

„Сакаа веднаш да ја однесат ќерка ми во болница, но во близина ги немаа потребните машини. Па, единствена опција беше да ја однесат со хеликоптер во друга, подалечна болница.

Болничарите ми кажаа дека на хеликоптерот има ограничување за тежина. Ме измерија и ми рекоа дека мојата тежина, во комбинација со пилотот и медицинскиот персонал, може да биде опасна.

За мене ова беше шок. Сопругот мораше да остане со другото дете дома, а ќерка ми требаше сама да оди со хеликоптер. Ми се скрши срцето што морав да ја оставам сама“.

tezhev-146-kg-ne-mi-dozvolija-da-vlezam-vo-bolnichki-helikopter-so-kjerka-mi-i-reshiv-da-oslabam-8.jpg

Наредните неколку месеци, главниот фокус на Даниел станало слабеењето.

„Бев со ќерка ми во болница околу една недела и кога се вратив дома, фрлив сè од фрижидерот и почнав да истражувам за здрава исхрана.

Почнав со мали промени, како поздрав појадок. Престанав да пијам благи пијалаци и ја намалував порцијата на оброците. Си поставував мали, достижни цели и гледав напредок“.

tezhev-146-kg-ne-mi-dozvolija-da-vlezam-vo-bolnichki-helikopter-so-kjerka-mi-i-reshiv-da-oslabam-06.jpg

Извесен период, Даниел примала и инјекции за слабеење препишани од лекар.

А, вели дека покрај тоа што била поздрава, забележувала и други позитивни промени.

„Мислам дека бев најсреќна кога ќерка ми ме прегрна и нејзините дланки се допреа зад мене. Постојано мислев на храна и се чувствувам послободно што повеќе храната не ми е опсесија.

Претходно не можев да се возам на ролеркостер во забавен парк, не можев да си ги прекрстам нозете…

Сега можам да ги правам сите овие работи. Уште сум изненадена кога ќе се погледнам во огледало“.

tezhev-146-kg-ne-mi-dozvolija-da-vlezam-vo-bolnichki-helikopter-so-kjerka-mi-i-reshiv-da-oslabam-04.jpg

Сепак, драстичното слабеење ја оставило Даниел со многу вишок кожа, а открива дека операцијата за отстранување чини 9.000 долари.

„Треба да се ослободам од вишокот кожа на стомакот. Досега трипати одбиваа да ми ги покријат трошоците со здравственото осигурување.

Кожата ми пречи и секако не изгледа убаво. Сега се надевам дека ќе соберам пари за операција“.

tezhev-146-kg-ne-mi-dozvolija-da-vlezam-vo-bolnichki-helikopter-so-kjerka-mi-i-reshiv-da-oslabam-02_copy.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg