Кејт Мидлтон пречекана со аплауз на финалето на Вимблдон – Му го даде трофејот на победникот Карлос Алкараз (фото)
- Детали
- недела, 14 јули 2024
Карлос Алкараз е победникот на Вимблдон, а трофејот му го даде Кејт Мидлтон, која по дијагнозата со рак ги избегнува јавните настани.
Откако сподели дека има рак, Кејт Мидлтон ги избегнува јавните настани.
Но, таа се појави на финалето на Вимблдон, а дури и му го даде трофејот на победникот - Карлос Алкараз.
На стадионот, 42-годишната Кејт беше пречекана со аплауз, а беше во друштво на ќерката Шарлот и сестра ѝ Пипа.
Елегантна како и секогаш, Кејт носеше виолетов фустан во комбинација со минималистички накит.
Малата Шарлот, пак, носеше црно фустанче со бели точки.
И Кејт и Шарлот беа во одлично расположение додека го следеа натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Повеќе фотки од Кејт во продолжение:
Спирова С. | Црнобело