Родители од Австралија лажеле дека син им (6) има рак за пари од донации - му ја избричиле и косата

Го терале 6-годишното дете да користи инвалидска количка и лажејќи дека има рак, собрале над 60.000 долари од донации – детали за случајот од Австралија што ја разбранува јавноста.

odvratno-par-od-avstralija-lazhel-deka-sin-im-6-ima-rak-za-pari-od-donacii-go-terale-da-koristi-invalidska-kolichka-01.jpg

Се чини дека зачестуваат измамите каде некои луѓе пробуваат да ја злоупотребат добрината на другите за своја корист.

Насекаде низ светот има сè повеќе лажни кампањи за донации, па оние кои сакаат да помогнат, честопати не можат да бидат сигурни дали ги даваат своите пари на измамници или на некој што навистина му треба.

Последен ваков случај е од Австралија, каде што брачен пар одел до екстреми за да изнуди пари од добрите сограѓани.

Таткото – Бен Милер и мајката – Мишел Бодзар, лажеле дека нивниот 6-годишен син има рак.

Парот има и малку повозрасна ќерка.

odvratno-par-od-avstralija-lazhel-deka-sin-im-6-ima-rak-za-pari-od-donacii-go-terale-da-koristi-invalidska-kolichka-05.JPG

Сопружниците, и двајцата на 44-годишна возраст, собрале дури 60.000 долари од донации со помош на лагата пред конечно да бидат уапсени.

Со цел лагата да им „држи вода“, тие му ги избричиле косата и веѓите на нивниот 6-годишен син.

Уште поморничаво е што го терале да користи инвалидска количка.

Му ставале завои и се потрудиле детето да изгледа како да прима терапија.

odvratno-par-od-avstralija-lazhel-deka-sin-im-6-ima-rak-za-pari-od-donacii-go-terale-da-koristi-invalidska-kolichka-03.JPG

За австралиските медиуми, пријател на парот изјавил дека ги сожалувал мислејќи дека се соочуваат со „најголемиот кошмар на секој родител“.

Родителите лажеле дека син им има рак на оптичкиот нерв, кој бил премногу блиску до мозокот.

Оделе дотаму што ги замолувале другите да не го користат зборот „рак“ пред нивото дете, бидејќи разговорите за болеста го вознемирувале.

odvratno-par-od-avstralija-lazhel-deka-sin-im-6-ima-rak-za-pari-od-donacii-go-terale-da-koristi-invalidska-kolichka-06.JPG

Мајката и таткото отвориле онлајн кампања за донации, а притоа биле организирани и донации од училиштето на син им.

Преку онлајн кампањата собрале 60.000 долари, додека истрагата покажала дека измамиле и човек кој им дал 3.000 долари.

Истрагата за случајот почнала на 26-ти ноември, кога личност што ги познава родителите забележала некои пропусти во нивната приказна.

odvratno-par-od-avstralija-lazhel-deka-sin-im-6-ima-rak-za-pari-od-donacii-go-terale-da-koristi-invalidska-kolichka-4.JPG

Па, пријавила во полиција.

„Нашата истрага покажа дека детето не добива медицински третман.

Веруваме дека оваа лажна болест предизвикува значајна и сериозна психолошка штета на детето и неговата сестра“, гласи изјавата на надлежните.

Штом се утврдила лагата, двете деца веднаш биле одземени од домот на родителите, додека парот бил уапсен.

odvratno-par-od-avstralija-lazhel-deka-sin-im-6-ima-rak-za-pari-od-donacii-go-terale-da-koristi-invalidska-kolichka-02.JPG

Им било одбиено барањето за кауција, а поради обвиненијата, може да добијат најмногу седум години зад решетки.

Судењето е закажано за деновиве.

На прес-конференција за случајот, надлежните кои се дел од истрагата ги нарекол постапките на родителите „одвратни“.

„Замислете да верувате дека имате рак или дека вашиот брат има рак…

Не можам да помислам нешто поодвратно или полошо што родител може да му го направи на своето дете од тоа да го тера да мисли дека има рак, за својата алчност и себичност. Само за да допре до пари“, гласи дел од изјавата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Родители ја изгладнувале ќерката – на 17 години имала 27kg: Случај од Австралија ја згрози јавноста Во Австралија, во процес е судење на родители кои ја изгладнувале нивната ќерка ...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
„Потрошив 50.000 долари за да личам на Мерилин Монро – мислам дека не ми стои добро“ Направила операции на градите, носот, задникот, вградила ботокс и филери, коишто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg