Вистински кавалер: Maж во инвалидска количка се спушти на едно колено за да ја запроси саканата (видео)
- Детали
- петок, 14 март 2025
„Апсолутно ми се допаѓа како таа не беше под стрес и не тргна да му помогне, туку седеше и му дозволи да го има својот момент како маж. Трогната сум“, гласи еден од коментарите. Браво за овој дечко што направи епско запросување!
Мајкл Мејз, параплегичен мотокрос спортист oд Калифорнија, не дозволува неговиот инвалидитет да го спречи во ништо, па така беше и при придредувањето на совршено запросување на неговата сакана Тринити Брукс.
Запросувањето се случи на третата годишнина од врската на парот.
Мајкл е во инвладска количка од 2016 година поради незгода на мотокрос трка.
На 1-ви март, за време на еден заеднички оброк во ресторан, тој со многу мака и труд успеа да се крене од количката за да клекне на едно колено пред саканата Тринити и да ја запроси.
Видеото од запросувањето во ресторанот стана вирален хит.
Поттикнува тон емоции и буквално ви прави бура во душата и солзи во очите.
Потоа, трогнатата Брукс исто така клекнува на земјата го прегрнува, бакнува и го прифаќа неговиот предлог
Целиот ресторан ракоплеска, а таа на крај го покажува свршеничкиот прстен.
„Апсолутно ми се допаѓа како таа не беше под стрес и не тргна да му помогне, туку седеше и му дозволи да го има својот момент како маж. Трогната сум“, гласи еден од коментарите.
„Ми се допадна како се однесуваше таа, знаеше колку овој миг му значи нему“, коментира друг.
„И еве сум плачам, на љубовната приказна на овие двајца за мене странци“.
Погледнете го епското запросување на овој храбар и романтичен маж:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:




