Како изгледа животот на највисоката жена во светот – мора да користи количка, ја исмејувале поради висината

Највисоката жена во светот има 27 години и живее во Турција. Нејзината висина се должи на редок синдром поради кој во детството ѝ биле направени неколку операции, вклучувајќи за сколиоза и проблеми со срцето. Како изгледа нејзиното секојдневие?

kako-izgleda-zhivotot-na-najvisokata-zhena-vo-svetot-mora-da-koristi-kolichka-ja-ismejuvale-poradi-visinata-01.jpg

Румејса Гелги со своите 215 сантиметри важи за највисоката жена во светот.

Претходно, додека беше малолетна, таа ја носеше и титулата највисоката тинејџерка во светот, според Гинис.

27-годишната Турчинка може да се пофали и со други рекорди, како најголеми дланки кај жена.

Но, таа не е само рекордерка – Румејса е програмерка, но и активистка која се залага за прифаќање на нашите различности, а истовремено пробува да ја зголеми свеста за болеста од којашто страда.

Висината на Румејса се должи на ретко генетско нарушување – Weaver syndrome – кое предизвикува абнормален раст на делови од телото, како и натпросечна висина.

kako-izgleda-zhivotot-na-najvisokata-zhena-vo-svetot-mora-da-koristi-kolichka-ja-ismejuvale-poradi-visinata-04.JPG

Во продолжение, со кои предизвици се соочува највисоката жена во светот:

Синдромот што го има Румејса може да предизвика низа здравствени проблеми.

Па, до петтиот роденден, на девојката ѝ биле направени две операции, вклучувајќи и една на срце.

На петгодишна возраст почнала со физикална терапија за да научи да оди, но сепак уште во детството морала да користи и бастун.

kako-izgleda-zhivotot-na-najvisokata-zhena-vo-svetot-mora-da-koristi-kolichka-ja-ismejuvale-poradi-visinata-02.JPG

Во 2013-га ѝ биле направени две операции за сколиоза и, за среќа, оттогаш нема некои посериозни проблеми со здравјето.

Сепак, некогаш мора да користи инвалидска количка, но и да носи посебни ортопедски чевли кои му ја даваат соодветната потпора на нејзиното тело.

Но, проблемите на Румејса не биле само физички – нејзиниот изглед имал врска врз односот со соучениците и социјализацијата.

kako-izgleda-zhivotot-na-najvisokata-zhena-vo-svetot-mora-da-koristi-kolichka-ja-ismejuvale-poradi-visinata-07.JPG

Уште на шестгодишна возраст, Румејса била значително повисока од своите врсници.

Ова, за жал, било причина да стане жртва на булинг. Па, родителите одлучиле да ја школуваат дома наместо да ја испраќаат во училиште.

Сепак, Румејса вели дека отсекогаш имала огромна поддршка од родителите кои ја научиле дека може да направи што и да посака.

Друг предизвик за Румејса е облеката бидејќи секое парче што ќе го купи, мора да го преправа за да ѝ биде точно.

Но, таа вели дека ова всушност ѝ дава можност да биде креативна со својата облека и да си прави уникатни парчиња што ги нема никој друг.

kako-izgleda-zhivotot-na-najvisokata-zhena-vo-svetot-mora-da-koristi-kolichka-ja-ismejuvale-poradi-visinata-08.JPG

Румејса пробува да биде што е можно понезависна, но во секојдневните обврски повремено ѝ треба помош.

Поради висината, за транспорт може да користи само поголемо возило, како комбе.

Покрај тоа, некогаш ѝ треба помош со облекување и други ситни обврски.

kako-izgleda-zhivotot-na-najvisokata-zhena-vo-svetot-mora-da-koristi-kolichka-ja-ismejuvale-poradi-visinata-05.JPG

Румејса нема деца или партнер, но за себе вели дека е исполнета жена.

Иако некогаш ѝ било тешко да се помири со својата состојба, родителите ја научиле да ја гледа како дел од нејзиниот идентитет.

Ова ѝ помогнало да си ја промени перспективата и да не дозволи физичкиот инвалидитет да ја спречи во нешто.

Поради висината, патувањето е предизвик за Румејса, а со ова ѝ се намалиле шансите да заврши факултет.

Но, таа не се откажала и успеала да заврши онлајн курс за програмирање, и тоа од Харвард.

Па, денес работи како програмер.

kako-izgleda-zhivotot-na-najvisokata-zhena-vo-svetot-mora-da-koristi-kolichka-ja-ismejuvale-poradi-visinata-06.JPG

Во 2022-ра ѝ се исполни желбата да оди во САД, откако од Turkish Airlines отстранија неколку седишта од нивен авион за да може да се смести внатре.

Прочитајте повеќе: Највисоката жена во светот првпат леташе со авион – биле отстранети 6 седишта за да ѝ направат место (фото+видео)

Румејса има над 40.000 следбеници на Инстаграм каде што споделува детали од своето секојдневие и пробува да ја зголеми свест за нејзиното нарушување, но и да ги натера луѓето да ги прифатат различностите меѓу себе.

kako-izgleda-zhivotot-na-najvisokata-zhena-vo-svetot-mora-da-koristi-kolichka-ja-ismejuvale-poradi-visinata-03.JPG

Повеќе фотки од Румејса на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg