Девојка во инвалидска количка е инспирација - патува и живее со страст, по сообраќајната незгода како дете
- Детали
- петок, 03 јануари 2025
„Засекогаш ќе го помнам денот на кој ја 'измамив' смртта и добив втора шанса за живот. Мојата мајка и јас минавме низ пекол за да го пребродиме тој период, но видете до каде стигнавме“, вели инспиративната Меделин Елизабет Делп од Лос Анџелес.
Меделин Елизабет Делп е девојка од Лос Анџелес, Калифорнија, која поради сообраќајна незгода како дете завршила во инвалидска количка.
Но, по големата психичка криза, одлучила да се соземе и да го живее животот со страст, со картите кои ѝ се поделени.
Таа патува низ светот, ужива во фотографирање, има Барби џип, гради актерска кариера и на Инстаграм ја следат повеќе од 98.000 луѓе.
Во февруари 2024 година, таа на нејзиниот Инстаграм објави дека поминале 20 години откако била удрена со автомобил како дете и кога за чудо преживеала.
На Инстаграм Елизабет напиша:
„Овој ден одлучив да го крстам „ден на животот“ пред неколку години, затоа што за мене токму и тоа претставува.
Ова е денот кој засекогаш ќе остане запомнет како денот на кој ја „измамив“ смртта и добив втора шанса за живот.
Мојата мајка и јас минавме низ пекол за да го пребродиме тој период, но видете до каде стигнавме.
И една порака до моето тело – Те мразев, те мразев за сите работи кои ме сопре да ги направам, те мразев затоа што не работиш правилно и ми го правиш животот мизерен, те мразев затоа што се скрши толку лесно...
Но, сега избирам да те сакам. Те сакам што правиш најдобро што можеш за да преживееш во одредени невозможни околности. Те сакам што ми овозможуваш да градам прекрасен живот. Те сакам што не се откажуваш, без разлика колку скршено мојот ум мислеше дека си.
Па, порака до сите – запомнете да бидете благодарни за денот што го имате за живеење.
Животот е кревка работа, а вторите шанси се драгоцени подароци и покажувањето љубов кон себе и другите е најмоќната работа која можеме да ја направиме“.
Во друга Инстаграм објава Меделин за несреќата напиша:
„Се разбудив од кома и имав сериозна повреда на главата, поради задниот прозорец од автомобилот кој паднал врз мене, за време на несреќата, и докторите мислеа дека никогаш повторно нема да бидам истата.
Кога се разбудив, сите беа зачудени дека зборувам и се однесувам нормално. Ми кажаа дека тоа е „чудо“.
Иако многупати во животот се соочив со анксиозност и депресија, што јас го припишувам на повредата на мозокот што ја имав, секогаш се трудам да сум благодарна за фактот што умот уште ми е недопрен и можам да водам исполнет живот, до степен што се појавив на сцена за избор на мис.