Била невина до 33 години, ја поврзуваа со Бредли Купер – Која е новата снаа на Џорџ Сорос?
- Детали
- петок, 12 јули 2024
Нејзиниот прв сопруг беше конгресмен на САД, кој ја посрамоти откако објави фотографија од половиот орган на Твитер, а била наменета за студентка. Неколку години се трудеше да си го спаси бракот, а сега е свршена за синот на милијардерот Џорџ Сорос – Која е Хума Абедин?
Алекс Сорос, еден од петте синови на Џорџ е свршен со блиската соработничка на Хилари Клинтон, Хума Абедин.
Наводно Алекс ја побарал за жена пред шест недели, а парот потоа заедно заминал на патување во Италија за да ја прослави свршувачката.
Хума и Алекс за првпат потврдија дека се во врска за Денот на вљубените годинава, кога објавија фотографија од заедничката вечера во Париз.
Во продолжение неколку интересни факти за новата снаа на Џорџ Сорос:
Претходно Хума ја поврзуваа со актерот Бредли Купер, а таа долго време беше во фокусот на вниманието, заради скандалот на нејзиниот прв сопруг, конгресменот Ентони Вајнер.
Во 2011-та година тој се најде среде секс скандал, кога беа објавени фотките од неговиот полов орган што ги испраќал на жени, а во 2017-та година тој се изјасни за виновен за обвинувањата дека испраќал секс пораки на малолетнички.
Хума и Ентони се запознале уште во 2001-ва година, додека таа работела како практикантка во канцеларијата на Хилари Клинтон, а тој бил во Конгресот.
Нивната врска започнала во 2007-ма година, а се венчале во 2010-та година и интересно е што ги венчал поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон. Хума тврди дека била невина сѐ до првата брачна ноќ со сопругот (кога имала 33 години).
Додека Хума била бремена со нивниот син Џордан Зејн, нејзиниот сопруг се најде среде скандал, затоа што на социјалните мрежи беше објавена фотка од него во боксерки, на кои е видлива неговата ерекција.
Наводно, сакал фотката да ја прати на 21-годишна студентка, но по грешка ја објавил на Твитер и ја виделе сите негови следбеници.
EXCLUSIVE: Anthony Weiner sexted a busty brunette while his son was in bed with him https://t.co/f2C7tn1yoy pic.twitter.com/JNmerTREKD
— New York Post (@nypost) August 29, 2016