Вегетаријанската диета помага при ослободување на вишок килограми, го намалува ризикот од хроничните заболувања и ја подобрува целокупната здравствена состојба. Многу диети не се премногу здрави, а помагаат само при ослободувањето на килограмите, додека негативно влијаат на вашето здравје. За разлика од нив, вегетаријанската исхрана, кога правилно се применува, може да го подобри вашето здравје.