Со 5.000 калории дневно до неверојатно тело – дали Блејк Хортон ја има магичната формула за слабеење?

Над 362 илјади фанови на Инстаграм ја следат животната трансформација на 36-годишниот Блејк Хортон од Њу Џерси, САД. И верувајте – навистина тешко е да не ви потечат лиги доколку се впуштите макар само како гледач на неговите видеа.

Dali-Blejk-Horton-ja-ima-magicnata-formula-za-slabeenje-01.jpg

Приказната поврзана со вишокот килограми започнува кога Блејк наполнил 30 години. Работел во сектор за продажба и решил дека е крајно време да ослабе.

„Физички изгледав лошо. Едноставно не бев среќен. Бев тазе сингл, со вишок килограми и морав да направам промена. Изгубив 27 kg некаде на средината од диетата, но се чувствував мизерно, јадејќи мали оброци во текот на денот. Секогаш бев гладен“.

Dali-Blejk-Horton-ja-ima-magicnata-formula-za-slabeenje-02.jpg

Додека најголемиот дел од фитнес фанатиците се држат до пилешко зготвено на пареа и грст брокули, Блејк одбил да се вклопи во ваквиот режим на исхрана. Доколку ги погледнете фотките и видеата ќе сфатите дека тој внесува масивни оброци со илјадници калории.

Тајната на неговото слабеење и одржувањето на телесната тежина? Блејк јаде само еднаш дневно.

Тој го следи популарниот режим на исхрана наречен „флексибилна диета“ (flexible dieting) што подразбира „умно“ јадење во кое е потребно да го пресметате дневниот внес на трите главни МАКРО нутриенти – протеини, масти и јаглехидрати согласно вашите пропорции.

Ваквата флексибилна диета Блејк ја комбинира со клучниот фактор за слабеење – „наизменично постење“ или intermittent fasting, што пак подразбира јадење на оброци во одредени часови од денот и никакво грицкање помеѓу.

Блејк е во последната фаза од наизменичното постење – фазата ВОИН (Warrior) во која се внесува само 1 оброк дневно кој тој преферира да го јаде навечер, најчесто некаде после полноќ до 2 часот наутро.

„Се сеќавам дека една вечер стоев во кујната и се запрашав – ова ли е потребно да се имаат стомачни мускули? Моите пријатели ќе ми се јавеа за излегување накај 22 часот, а јас немав повеќе достапни калории за консумирање.

Не можев да излезам, да пијам и да се забавувам и си велев – Не, ќе останам дома. Постојано зјапав во часовникот во исчекување на следниот оброк. Бев постојано гладен“.

Откривајќи го наизменичното постење во комбинација со правилното консумирање на МАКРО нутриентите, Блејк ја открил и тајната на слабеењето.

Dali-Blejk-Horton-ja-ima-magicnata-formula-za-slabeenje-03.jpg

Во неговата хедонистичка гастро авантура се вклучила и неговата девојка Џени Хиралдо – Биг Џени и најчесто може да ги видите како заеднички делат џиновски оброци на Инстаграм, доцна во ноќта.

Dali-Blejk-Horton-ja-ima-magicnata-formula-za-slabeenje (1).jpg

Dali-Blejk-Horton-ja-ima-magicnata-formula-za-slabeenje (2).jpg

„Сега сум многу посреќен. Луѓето мислат дека постојано ’киснам‘ во теретана, но јас не ни вежбам за време на летниот период. Најчесто вежбам надвор и јадам помалку од порано. Испитувањата покажуваат дека сум здрав и ги добивам потребните хранливи материи.

Верувам дека внесувањето на храна е најдобро да се прави навечер, правило кое потекнува од праисторискиот период кога мажите биле ловци. Се гостиш за време на ноќта, а храната се вари додека се одмараш или спиеш“.

Некои од омилените оброци на Блејк и Џени се лазања-сендвич, банана хот дог и други колоритни оброци со многу додатоци.

„Луѓето мислат дека јадам нездрава храна и можеби навистина изгледа така, но магијата е во хранливите материи и нутриенти. Сакам да сум инвентивен и да внесувам разновидна храна.

Ова го правам повеќе од 5 години и знам што делува. Им покажувам на луѓето дека не мора да мизеруваат со цел да го изгубат вишокот на килограми“.

Многумина се охрабрија да ја испробаат неговата „диета“, јадејќи само еден огромен оброк дневно во точно определеното време, без никакви други оброци во останатите 23 часа.

Хаштагот #TheBlakeDiet е резервиран токму за нив. Голем дел, од друга страна, шпекулираат дека ваквиот начин на исхрана е премногу нездрав и не се знае за последиците кои ќе ги покаже врз телото и здравјето години подоцна.

Што мислите вие?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg