Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи – Дали е безбедно?
Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името Oatzempic? Што треба да знаете пред да почнете оброците да ги заменувате со него?
Ова смути од овес стана вистински хит на социјалните мрежи, а корисниците тврдат дека им помага да ослабат и до 10 килограми за 2 месеца. Но, што треба да знаете пред да почнете да го користите.
Пијалакот на социјалните мрежи вирално се шири под името Oatzempic, затоа што главната состојка му е овес (oats), а според многумина помага брзо да го симнете вишокот килограми како лекот Ozempic, но колку е безбедно да го користите?
Прочитајте и Зошто никако не треба да го користите Оземпик за слабеење - лекот за дијабетес што е хит кај холивудските ѕвезди?
Се верува дека ова смути ќе направи да се чувствувате заситено во текот на денот, а големото количество хранливи влакна во овесот помага за полесно исфрлање на штетните материи.
Како се подготвува?
Потребни состојки:
- 45g овес;
- 230ml вода;
- Прстофат цимет;
- Малку сок од лимон.
Начин на подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат додека не се добие изедначена смеса, а потоа смутито веднаш се консумира.
Што треба да знаете пред да почнете да го консумирате ова смути?
Пред да почнете да го подготвувате ова смути и со него да ги заменувате оброците, треба да знаете дека тоа има само околу 140 калории, што е драстично помалку од калориите што ги внесуваме во еден оброк.
Поради ова може да се чувствувате прегладнети, без енергија, а драстичното намалување на внесот на калории може да има штетни последици по здравјето.
Исто така, губењето 10 килограми за 2 месеца се смета за опасно и нездраво.
Според светските нутриционисти, многу е веројатно повторно враќање на загубените килограми веднаш откако ќе престанете со консумирање.
Несакани последици од прекумерно користење на ова смути како замена за оброк се намалување на мускулното ткиво и опаѓање на косата, a по долготрајно користење може да предизвика нарушувања во исхраната.
Нутриционистката Џесика Бал на ТикТок објави видео во кое се обиде да го подготви смутито и вели дека нејзе не ѝ се допаѓа самиот вкус, а според неа подобро е секојдневно да внесувате мали промени во начинот на живот.
Погледнете го видеото:
@eatingwell Here’s our dietitian @Jessica Ball’s take on the “Oatzempic” trend, and if it will actually help you lose weight 👀 #dietitiansoftiktok #oatzempic #weightloss
♬ sail away (instrumental) - lovelytheband
Б. С. Б. | Црнобело