Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета?

Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијата во телото. Притоа, лесно можете да ја приспособите на вашиот животен стил, не мора да трошите многу пари на скапи намирници, но и не мора да се откажете од омилената храна, туку само да бидете умерени.

pomaga-vo-slabeenje-a-go-podobruva-i-zdravjeto-shto-e-antivospalitelna-dieta-01.jpg

Денес постојат безброј диети и не секогаш е лесно да одредите што е најдобро за вас ако сакате да се ослободите од вишокот килограми, но и да го подобрите здравјето.

Генерално, експертите советуваат да ги избегнувате брзите диети, кои ветуваат нагло слабеење за краток период бидејќи не се ефикасни долгорочно.

Истовремено, многу рестриктивните диети можат да доведат до недостаток од одредени хранливи материи, а со тоа и здравствен проблеми.

Изминативе неколку години, доста популарни се медитеранската и кето диетата, но нутриционистите сметаат дека можеби најдобра е таканаречената антивоспалителна диета, особено ако целта ви е да го подобрите здравјето.

„Антивоспалителната диета се фокусира на тоа да внесувате храна која се справува со воспаленијата во телото, а да избегнувате намирници кои можат да предизвикаат воспаленија“, вели нутриционистката д-р Нина Краули за Daily Mail.

pomaga-vo-slabeenje-a-go-podobruva-i-zdravjeto-shto-e-antivospalitelna-dieta-02.JPG

Доброто кај оваа диета е што не мора целосно да се откажете од нездрави намирници, туку само да го ограничите нивниот внес.

Д-р Нина Краули вели дека овој начин на исхрана им се препорачува на луѓе кои имаат хронични заболувања, како дијабетес тип 2, дебелина и кардиоваскуларни болести.

Но, таа истакнува дека дури и да се сте здрава личност, можете да видите придобивки од овој начин на исхрана.

„За некои луѓе, целта не е да ги намалат воспаленијата во телото, но ако го направат тоа, ќе го подобрат здравјето на срцето, полесно ќе ја регулираат тежината, но и ќе ги намалат болката и вкочанетоста во зглобовите“.

pomaga-vo-slabeenje-a-go-podobruva-i-zdravjeto-shto-e-antivospalitelna-dieta-03.jpg

Какви воспаленија спречува овој начин на исхрана?

Според Johns Hopkins Medicine, постојат два вида воспаленија – како одговор на повреда или зараза, но и воспаленија кои имаат влијание врз целото тело.

Вториот вид воспаленија можат да бидат предизвикани од хронични болести како:

  • Дебелина
  • Дијабетес тип 2
  • Проблеми со срцето
  • Некои видови рак
  • Артритис
  • Алцхајмер

Експертите сметаат дека овој вид воспаление може да се јави и кај здрави луѓе, ако внесуваат многу нездрава храна.

Односно, постојат одредени намирници кои можат да бидат причина за вакви воспаленија, па ако ги внесувате поретко, ќе го намалите ризикот.

pomaga-vo-slabeenje-a-go-podobruva-i-zdravjeto-shto-e-antivospalitelna-dieta-04_copy.JPG

Која храна предизвикува воспаленија во телото?

Постојат многу намирници на листата и главно ова е храна која е преработена.

Овде спаѓаат:

  • Црвено месо, како плескавици
  • Преработено месо, како сланина и колбаси
  • Печива, торти и колачи
  • Леб и тестенини од бело брашно
  • Храна пржена со многу масло, како помфрит
  • Храна со додадени шеќери
  • Засладени пијалаци
  • Храна со трансмасти, како маргарин

pomaga-vo-slabeenje-a-go-podobruva-i-zdravjeto-shto-e-antivospalitelna-dieta-05.JPG

Која храна ги спречува воспаленијата?

Од друга страна, постојат намирници кои не само што не предизвикуваат воспаленија, туку можат и да ги намалат.

Овде спаѓаат:

  • Храна со омега 3 масни киселини, како лосос и туна
  • Храна со витамин Ц, како цитрусно овошје и пиперки
  • Храна со полифеноли, како јаткасти плодови и маслиново масло
  • Јаткасти плодови
  • Овошје
  • Зеленчук

pomaga-vo-slabeenje-a-go-podobruva-i-zdravjeto-shto-e-antivospalitelna-dieta-6.JPG

Како да ја држите диетата?

Антивоспалителната диета не е класична диета со строго одредени оброци, туку повеќе е како начин на исхрана.

И, лесно е да ја следите – најголем дел од храната што ја внесувате во текот на денот нека биде антивоспалителна.

Во ред е повремено да си дозволувате и од намирниците кои предизвикуваат воспаленија, само важно е да бидете умерени.

Односно, ако денес изедете хамбургер за ручек, тогаш за вечера изедете салата и следниот ден избегнувајте многу преработена храна.

pomaga-vo-slabeenje-a-go-podobruva-i-zdravjeto-shto-e-antivospalitelna-dieta-07.jpg

Предноста кај оваа диета е што е едноставна, не мора да трошите многу пари на посебни намирници и лесно можете да ја приспособите на вашиот начин на живот.

Притоа, не треба да се откажувате од омилената храна.

„За разлика од рестриктивните диети кои елиминираат цели групи храна, овој пристап се фокусира на јадење здрави и хранливи намирници кои природно се борат против воспаленијата.

Исто така, сметам дека храната не треба да се карактеризира како ’лоша‘ или ’добра‘, туку треба да се фокусираме на тоа да развиеме здрави навики кои го поддржуваат нашето здравје“, завршува нутриционистката.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е лунарна (месечева) диета + на кои датуми се држи во 2025-та? Лунарната (или месечева) диета претставува 24-часовен пост според месечевите фаз...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg