„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“
„Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам проблем со количеството храна што го внесувам“ – вели оваа 62 годишна жена која тврди дека благодарение на бизарната диета со сардини ослабела над 13 kg во 70 дена.
Болничарката Џејн (62) е жена која успеала да значително да го намали бројот на килограми и целосно да ја подобри здравствената состојба, благодарение на бизарна диета со сардини.
За нејзиниот случај зборуваше докторката Анет Босворт, која на социјалните мрежи е позната како Dr. Boz.
Џејн, која е висока само 152 cm во мај годинава имала 83 килограми, а заради прекумерната тежина имала болки во стапалото, како и проблеми со маснотии во крвта и со црниот дроб.
Исто така, таа имала висок шеќер. Како што вели, пред да почне да држи диета нивото на шеќер во крвта кај неа изнесувало 9 mmol/l.
Инаку, нормалната вредност на шеќер во крвта на гладен организам треба да изнесува помеѓу 3,9 до 6,1 mmol/l. Повисоките нивоа укажуваат на преддијабетес или дијабетес.
Таа претходно сакала да ослаби и да држи диета со внесување мал број јаглехидрати и консумација на големи количества месо, но наместо да ослаби, Џејн се здебелила дополнителни 15 килограми.
Дополнително, заради вишокот килограми болката во стапалото почнала да станува неподнослива.
Тогаш, медицинската сестра одлучила да ја промени исхраната и да јаде само сардини.
Џејн раскажува дека нејзината исхрана цели 70 дена се состоела од неколку конзерви сардини и по две лажички MCT масло, кое се користи за да ги задоволи трошоците за време и по интензивниот напор на мускулите и тренинзите.
Така, наутро, околу 8 часот таа јадела една конзерва сардини и две лажички масло.
Во 12 часот, за ручек јадела 2 сардини заедно со 4 лажички масло, а последниот оброк ѝ бил околу 15 часот, кога ја јадела последната конзерва сардини за денот.
Џејн вели дека веќе по првите десет дена почнала да ги забележува промените, откако успеала да ослаби околу 5 килограми.
„Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам проблем со количеството храна што го внесувам. Сега сфаќам дека можам да консумирам мали порции храна и пак да се чувствувам заситено“ – вели таа.
По 70 дена од диетата, Џејн веќе успеала да ослаби повеќе од 13 kg, нивото на шеќер кај неа се намалило помеѓу 6 и 7 mmol/l, а вели дека значително се намалила и болката во стапалото.
Според неа, нејзиниот случај е доказ за тоа дека не секоја диета му одговара на сечиј организам, па така претходната диета којашто ја држела наместо да ѝ помогне само ја влошила состојбата.
За сардините се вели дека се богати со протеини, витамин Д и калциум, а според дел од истражувањата, сардините може да делуваат превентивно против деменција, заради големото количество на Омега 3 факти.
Но, освен тоа, од нејзиниот пример може да се заклучи зошто е неопходно пред да се фрлите на диета да се консултирате со стручно лице или со лекар.
Б. С. Б. | Црнобело