Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета?

Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – многу поважно е да бидете умерени со она што го јадете. Притоа, овој начин на исхрана докажано го намалува холестеролот, па и ризикот од инфаркт.

go-namaluva-holesterolot-i-pomaga-vo-slabeenje-zoshto-treba-da-ja-probate-mediteranskata-dieta-01.jpg

Медитеранската диета не е класична диета за брзо слабеење, туку претставува цел начин на исхрана.

Овој начин на исхрана е чест во земји како Грција, Италија и Шпанија, па дури и кај нас бидејќи голем дел од продуктите што се консумираат ги има на нашето поднебје.

Што значи, за да го следите овој начин на исхрана, не мора да купувате скапи намирници или да правите многу експерименти во кујна.

Истражувањата покажале дека овој начин на исхрана може да го намали ризикот од инфаркт и генерално да го подобри здравјето на срцето.

Истовремено, во комбинација со физичка активност, овој начин на исхрана може да ви помогне да ги намалите килограмите и да ја одржувате оптималната тежина.

go-namaluva-holesterolot-i-pomaga-vo-slabeenje-zoshto-treba-da-ja-probate-mediteranskata-dieta-02.jpg

Медитеранскиот начин на исхрана вклучува многу овошје и зеленчук, риба, како и млечни производи, пилешко и јајца во помали количини.

Дозволено е и пиење вино, исто така во умерени количини.

Секако, можете да јадете и слатки и други видови месо, но не треба да претерате, односно да не ги јадете неколкупати неделно.

Ако размислувате да го пробате овој начин на исхрана, веројатно на почетокот ќе ви биде тешко да се снајдете.

Но, за Daily Mail, тројца нутриционисти споделуваат кои се главните работи што ви требаат за да почнете со овој начин на исхрана.

Нивните совети во продолжение:

Купувајте многу зеленчук и овошје

Од зеленчук и овошје можете да купите јаболка, брокула, карфиол, краставици, урми, смокви, грозје, лубеница, печурки, кромид, портокали, круши, праски, пиперки, спанаќ, домати…

Најдобро е да ги јадете свежи, но слободно купувајте ги и замрзнати.

Овие намирници се богати со хранливи влакна, а имаат и многу вода, што значи се дигестираат побавно и ќе ве држат сити подолго време.

Исто така, овошјето и зеленчукот имаат и многу антиоксиданти.

Треба секој оброк да ви содржи нешто од овие намирници.

go-namaluva-holesterolot-i-pomaga-vo-slabeenje-zoshto-treba-da-ja-probate-mediteranskata-dieta-03.jpg

Контролирајте го холестеролот со јаткасти плодови

Експертите советуваат во медитеранската исхрана да вклучите и јатки и мешунки, како бадеми, грав, интегрален ориз, наут, ленено семе, лешници, леќа, овес, грашок, семки од тиква, сусам, семки од сончоглед, ореви…

Овие намирници не само што го намалуваат холестеролот, туку имаат и многу протеини.

Истовремено, богати се со Б витамини, магнезиум и бакар.

Препорачливо е да консумирате јатки и мешунки барем трипати неделно.

go-namaluva-holesterolot-i-pomaga-vo-slabeenje-zoshto-treba-da-ja-probate-mediteranskata-dieta-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg