Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели
Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели? Како изгледа седумдневното мени и што треба да консумирате, ако сакате да ја држите?
Српската пејачка Милица Павловиќ во моментов е на врвот на својата слава, а каде и да се појави привлекува внимание со својот совршен изглед.
Пејачката призна дека заради работните ангажмани нема премногу време да вежба, но затоа внимава многу на исхраната и ја практикува таканаречената јапонската банана диета.
„Пријателите ми зборуваа за тој начин на исхрана, па јас на интернет се информирав и на сите им го препорачувам. Секако, со консултација со лекар. Ништо без тоа.
Секој мора да го пронајде она што најмногу му одговара на неговиот метаболизам“ – изјави Милица.
Досега во повеќе наврати било пишувано дека пејачката со овој начин на исхрана успеала да ослаби 10kg за 2 недели, иако според некои информации со овој начин на исхрана во истиот период може да се ослабе и до 14kg.
Она што е клучно за оваа диета е што секое утро за појадок се јадат 2 до 3 банани, кои се богати со хранливи влакна и прават подолго време да се чувствувате заситено.
Благодарение на тоа што се богати со магнезиум, бананите ќе ви помогнат во текот на целиот ден да се чувствувате опуштено и да бидете добро расположени.
Инаку, оваа диета можете да ја држите една недела или две, во зависност од тоа колку сакате да ослабите, и потоа ќе треба да бидете внимателни со исхраната за да не ги вратите загубените килограми.
Како изгледа седумдневното мени на Милица Павловиќ:
Прв ден
Ручек:
Супа со зеленчук и зелка салата.
Вечера:
100g бело пилешко месо и салата по желба.
Втор ден
Ручек:
Спанаќ со ориз и салата.
Вечера:
100g лосос или некоја риба, парче интегрален леб и салата.
Трет ден
Ручек:
50g тестенини со сос од домати и салата од свежо цвекло.
Вечера:
70g јунешко месо печено на скара, парче интегрален леб и салата.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





