7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари)
Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате во здрава и вкусна храна. Притоа, оброците не бараат скапи продукти, што значи можете да го следите менито и со поограничен буџет.
Составен од оброци кои не чинат многу, овој план на исхрана покажува дека е можно да се храните здраво и балансирано, дури и со ограничен буџет.
Српската нутриционистка Ивана Ѓуровиќ направи план на исхрана за седум дена во неделата, кој е погоден за дијабетичари.
Ова мени освен што се состои од разновидни оброци, поттикнува и употреба на интегрални намирници, зеленчук, овошје и протеини со малку масти.
Понеделник
Појадок: Парче интегрален леб, крем сирење, намаз од сардина и јогурт.
Ужина: Мандарина.
Ручек: Бистра супа, пилешки копан со ориз и мешан зеленчук, парче домашен интегрален леб, салата од кисела зелка со црвен пипер.
Ужина: Солени крекери со сусам, лимонада без шеќер.
Вечера: Мала баничка со сирење, кисело млеко.
Вторник
Појадок: Појадокот е ист како во понеделникот, со додаток ајвар.
Ужина: Јаболко.
Ручек: Подварок со чадени свински ребра, парче домашен интегрален леб.
Ужина: Солени крекери со сусам, цеден грејпфрут.
Вечера: Парче интегрaлен леб со домашна пилешка паштета.
Среда
Појадок: Пржено јајце, 2-3 парчиња шунка, лажичка павлака, какао.
Ужина: Киви.
Ручек: Говедска супа, печен карфиол со мелено говедско месо, парче домшен интегрален леб.
Ужина: 2 чајни бисквити за дијабетичари, чај.
Вечера: Парче интегрален леб со ајвар, кисело млеко.