Зошто никако не треба да го користите Оземпик за слабеење - лекот за дијабетес што е хит кај холивудските ѕвезди?

Оземпик е лек за лица со дијабетес тип 2, но многумина во светот, вклучувајќи и кај нас, почнаа да го користат за слабеење. Несаканите ефекти кои можат да настанат со злоупотребата на лекот би требало да ве одвратат од намерата да го пробате, освен ако немате дијабетес и ви е препишан од лекар.

shto-e-lekot-ozempik-i-zoshto-nikako-ne-treba-da-go-koristite-za-slabeenje01.jpg

Сигурно досега сте слушнале за Оземпик – лек за дијабетес кој бројни познати личности го користат за слабеење.

Додека за некои само се шпекулира, некои познати самите признаа дека го користат лекот како помагало за слабеење.

Една од нив е Шерон Озборн која периодов драстично ослабе, но потоа откри дека чувствувала низа непријатни симптоми поради лекот.

„Првите неколку месеци чувствував гадење. Секој ден ми се гадеше, стомакот ми беше иритиран“.

shto-e-lekot-ozempik-i-zoshto-nikako-ne-treba-da-go-koristite-za-slabeenje-02.jpg

И комичарката Ејми Шумер призна дека го пробала лекот како помагало за слабеење, но престанала бидејќи се чувствувала ужасно.

„Не можев да си играм со синот. Бев толку слаба што кога ми ја фрлаше топката за играње, не можев да ја фатам“.

shto-e-lekot-ozempik-i-zoshto-nikako-ne-treba-da-go-koristite-za-slabeenje-03.jpg

Лекот е достапен и кај нас, па по примерот на холивудските ѕвезди, некои луѓе почнале да го користат за слабеење.

Но, лекот Оземпик не смее да се користи како помагало за слабеење. Всушност, на 24-ти јули беше објавено и официјално соопштение од МАЛМЕД со кое се предупредуваат граѓаните за опасноста од користењето на овој лек на „своја рака“.

Што точно претставува овој лек и зошто НИКАКО не треба да го користите за слабеење?

За што се користи лекот Оземпик?

Според официјалниот веб-сајт на лекот, Оземпик е лек за возрасни кои страдаат од дијабетес тип 2. Во комбинација со правилна исхрана и вежбање, лекот има за цел да го подобри нивото на шеќер во крвта.

Исто така, лекот може да го намали ризикот од кардиоваскуларни проблеми, како инфаркт, кај возрасните со дијабетес тип 2.

Според македонското упатство за лекот кое е достапно на веб-сајтот на Министерството за здравство, активната супстанца во лекот е семаглутид.

Оваа состојка му помага на организмот да го намали нивото на шеќер во крвта, но само кога ова ниво не е многу високо.

Во упатството е нагласено дека овој лек не е инсулин и не треба да се користи како негова замена.

Исто така, не треба да го земате лекот доколку не ви е препишан вам бидејќи има низа несакани ефекти.

shto-e-lekot-ozempik-i-zoshto-nikako-ne-treba-da-go-koristite-za-slabeenje-04.jpg

Зошто некои луѓе го користат лекот за слабеење?

Активната состојка во лекот – семаглутид – може да го поттикне слабеењето.

Всушност, кога лекот се користи за третирање дијабетес тип 2, слабеењето е еден од несаканите ефекти.

Лекот функционира така што имитира природен хормон. Кога нивото на овој хормон се зголемува, мозокот добива сигнал дека сте сити, поради што се намалува апетитот.

Исто така, може да се забави и времето на дигестија, со што повторно се намалува апетитот.

Откако луѓето го воочиле овој ефект, почнале да го земаат лекот на своја рака за да слабеат.

shto-e-lekot-ozempik-i-zoshto-nikako-ne-treba-da-go-koristite-za-slabeenje-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Од тагата страдаат белите дробови, од стравот бубрезите – Како емоциите влијаат врз органите во тело... Според традиционалната кинеска медицина емоциите се длабоко поврзани со здравјет...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg