Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации?
Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќна апнеја. Но, постојат симптоми, односно последици кои се чувствуваат и додека сте будни, како зголемен замор.
Ноќна (или спиечка) апнеа е нарушување поради кое се јаваат паузи во дишењето за време на спиење.
Постојат неколку видови апнеа и сите може да резултираат со компликации, како замор во текот на денот и кардиоваскуларни проблеми поради намаленото ниво на кислород.
Ако не се третира, ноќната апнеа може да го зголеми ризикот од инфаркт кај лица кои веќе имале инфаркт.
Бидејќи се случува за време на спиење, не е лесно сами да ја препознаете апнеата. Но, постојат некои знаци кои можете да ги забележите и додека сте будни.
Симптоми на ноќна апнеја
Ако спиете со партнер и тој забележува дека ’рчите или дека дишите испрекинато во сонот, тоа може да биде знак за апнеја.
Истовремено, обрнете внимание на следните промени:
Утрински главоболки – голем дел од луѓето со ноќна апнеа чувствуваат главоболка откако ќе се разбудат која може да трае и неколку часа.
Често одење во тоалет навечер – некои луѓе со нетретирана апнеа стануваат и до пет-шестпати во текот на ноќта.
Когнитивни промени – може да вклучуваат поголема раздразливост, депресија, проблеми со сеќавањето поради недостатокот од сон.
Болка во вилицата предизвикана од зачестено триење на забите во текот на ноќта.
Киселини – апнеата може да има влијание и врз дигестивниот систем.
Ноќно потење.
Намалено либидо обично предизвикано од заморот што го создава апнеата.
Што го зголемува ризикот од ноќна апнеја?
Ноќната апнеја може да биде наследна, но постојат и фактори кои можат да ја предизвикаат.
Уште се истражуваат причините за нарушувањето, а досега се забележани следниве ризични фактори:
Возраст – ризикот се зголемува со возраста поради поголемо акумулирање на масно ткиво во областа на вратот што може да има влијание врз дишењето навечер.
Дебелина – и дебелината предизвикува вишок масни наслаги на вратот кои можат да го попречат дишењето.
Анатомија – некогаш и анатомијата на грлото, крајниците и вратот може да биде причина.
Ендокрини нарушувања – хормонални промени предизвикани од разни заболувања, како проблеми со тироидната жлезда.
Животни навики – претераното пиење алкохоли пушењето можат да предизвикаат апнеа кај некои лица.
Алергии и затнат нос.
Дијабетес тип 2 – во некои случаи и дијабетесот може да биде причина за ноќна апнеја.
Бременост – главно поради хормоналните промени, кај бремените жени ризикот за ноќна апнеа е малку зголемен.
Положба на спиење – спиењето на грб, на ниска перница може да има влијание врз дишењето во текот на ноќта.
Како да го намалите ризикот или да ги ублажите симптомите на ноќна апнеја?
Кога апнеата е предизвикана од животни навики, можете да ги ублажите симптомите со некои промени:
- Слабеење
- Редовно вежбање
- Промена на положбата на спиење – најдобро е да спиете на страна
- Третирање на алергиите
- Внимавање на исхраната
Кога да одите на лекар?
Ако се сомневате дека имате ноќна апнеа, секогаш е добро да се консултирате со лекар за да ги избегнете компликациите.
Ноќната апнеа може да се третира со промена на животните навики, но на некои луѓе ќе им биде потребен и посебен уред за дишење.
Вашиот лекар ќе може да утврди кој пристап е најдобар за вас.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





