5 рецепти за смутија кои ќе ви помогнат да ослабете во празничниот период
Во празничниот период полн со богати и вкусни трпези каде јадењето е неизбежно, на сите ни е потребно нешто што ќе нè одржува во форма.
Доколку не сте подготвени на чекорите за целосно прочистување на телото, може барем да се обидете да не ви бидат сите оброци во денот исти.
Доколку знаете дека за бадниковата вечера, божиќниот ручек или за постпразничните гости ве очекува калорично јадење и прејадување, другите оброци во денот нека ви бидат полесни.
Токму такви се овие смутија кои ќе ви помогнат да се чувствувате полесно, а и да ослабете некој килограм доколку продолжите да ги консумирате.
5 рецепти за смутија кои ќе ви бидат неопходни периодов:
Смути 1
Потребни состојки:
- 1 шолја кефир
- 1 шолја смрзнати малини
- ¼ шолја овесни снегулки
- 1 ред незасладено темно чоколадо
- 1 лажица мед
Смути 2
Потребни состојки:
- 1 јаболко
- ¾ шолја јогурт
- ¼ лажичка цимет
- ¼ лажичка морско оревче
- ½ лажичка мед
- ¾ шолја бадемово млеко
Смути 3
Потребни состојки:
- 1 шолја бадемово/оризово или млеко од соја
- 2 ливчиња кељ
- ½ зелено јаболко
- Мало парче краставица
- ½ авокадо
- 1 кива
Смути 4
Потребни состојки:
- 1 ½ шолја вода
- 1 голем лист блитва
- 1 зелено јаболко
- 3 стапчиња целер
- Сок од 1 цитрон
- 1 банана
Смути 5
Потребни состојки:
- 1 шолја мраз
- 1 шолја бадемово или млеко по избор
- ½ шолја овесни снегулки
- 1 банана
- 1 лажица путер од кикирики
- ½ лажичка цимет
М. М. | Црнобело