Откриена тајната на Колинда - како хрватската претседателка успеа да ги стопи килограмите?
Евидентно е дека претседателот на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ изгледа подобро од кога и да било. Тешко е да се поверува дека оваа дама има 50 години, бидејќи изгледа фантастично.
Причината за нејзиниот одличен изглед и насмевката е симнувањето на вишокот килограми, а Колинда открива дека успеала во целта со помош на липосукциска диета.
Иако многумина го поврзуваат овој термин со самиот хируршки процес липосукција, сепак не можете да бидете подалеку од вистината. Липосукцискиот протокол подразбира исхрана базирана на зголемен внес на масти и протеини и намален внес на јаглехидрати.
Со помош на едноставни и достапни намирници се симнуваат многу килограми за релативно краток временски период.
Иако овој режим на исхрана ја исклучува физичката активност, сепак претседателката вклучила и вежбање во својата дневна рутина. Сепак, таа признава дека најтешко ѝ е да се придржува кон диетата за време на службените патувања.
Но, кога се враќа во Хрватска, Колинда објаснува дека се враќа на строгиот режим на лесна медитеранска исхрана. Нејзиното мени вклучува риба и пилешки гради, со многу зеленчук и обилни порции салата.
Дополнителната употреба на суплементи од типот на аминокиселини кои го активираат ензимот липаза, дејствуваат на тој начин што го поттикнуваат и засилуваат искористувањето на мастите, претворајќи ги во енергија.
Дозволените намирници во липосукциската диета се следните: немасно месо, јајца, риба, сирење, млечни производи, газирана вода, зеленчукови сокови, чај, ориз како и грубо сомелени целозрнести житарки, свежо овошје и зеленчук.
Во групата на забранети намирници спаѓаат: сите видови на шеќери, индустриски преработеното месо, силни зачини, алкохол, кафе без кофеин, газирани пијалаци, кандирано овошје, бело и соино брашно, бели печива.
(О)Милена | Црнобело