Јадете како Французинка, запалете свеќа по оброк: Чудни, научни трикови за слабеење
Вишокот килограми на сите почнуваат да им пречат кога ќе дојдат пролетните денови и сите се во потрага по брзи начини за слабеење.
Покрај многуте различни диети и вежби за слабеење, научниците откриваат уште неколку интересни и невообичаени начини за губење килограми.
Корисни трикови за слабеење од научниците, кои вреди да ги пробате:
Гледајте го светот низ сини очила
Научниците велат дека сината боја го намалува апетитот – сина светлина, позадина, садови или очила, како што носи Џони Деп.
Научниците советуваат кога јадете да користите сини садови, бидејќи така ќе јадете помали порции, а триковите со сината светлина која прави да се чувствувате најадено, успеваат само кај мажите.
Шетајте околу ресторани за брза храна
Истражување покажало дека мирисот на храна предизвикува желба за јадење на таа храна чиј мирис е сличен на оној кој го мирисате.
Но, овој ефект трае само првите две минути, а потоа чувството на глас се намалува и телото преферира поздрава храна.
Па така, ако успеете да издржите првите неколку минути без да пробате од брзата храна, немате од што да се плашите и потоа ќе сакате да каснете нешто поздраво.
Јадете како Французинка
Французинките имаат 3 тајни кои им помагаат да ја одржат фигурата, а научниците ги потврдуваат:
- Носат колан околу половината кој ги потсетува дека не смеат да се прејадат
- Носат тесна облека која би ги оцртала ако се прејадат
- Ручаат со маж – друштвото влијае на апетитот, а жените јадат помалку во присуство на некој од спротивниот пол
Гума за џвакање
Во едно истражување откриено дека ако џвакате гума по ручекот, ќе ви се намали желбата за јадење подоцна. Џвакајте 45 минути.
Замотајте ги бонбоните и слатките
Иако звучи чудно фактот дека слатките помагаат во слабеење, сепак научниците велат дека луѓето јадат 30% помалку благо ако секое парче е посебно завиткано во хартија.
Отстранувањето на хартија одзема време и напор, што ја намалува желбата за јадење поголеми количини.