Јадете како Французинка, запалете свеќа по оброк: Чудни, научни трикови за слабеење
Запалете свеќа со мирис на ванила по ручек
За оние на кои им е тешко да одолеат на десерт, научниците советуваат да запалат свеќа со арома на ванила или да мирисаат есенцијални масла од ванила.
Мирисот на ванила го контролира апетитот и ја намалува желбата да јадете нешто благо.
Наместо емисии за готвење, гледајте комедии и хорор филмови
Научниците тврдат дека редовното гледање кулинарски емисии придонесува за качување тежина, додека комедиите помагаат за горење калории, благодарение на смеењето.
Исто така, и кога гледате хорор филмови од кои срцето силно ви бие, може да согорите и 200 калории, што е еднакво на 30 минути пешачење.
Почесто правете романтични вечери
Запалете свеќи, пуштете џез музика и наместете ја убаво масата – сите овие мали задоволства помагаат за атмосфера во која никој не сака да се прејадува, па ќе јадете културно и умерено.
Сликајте ја храната
Иако многумина се нервираат од оваа навика, сепак можеби е корисна, бидејќи во тоа кратко време во кое го одложувате јадењето додека сликате, ја анализирате вашата исхрана и може да помогне да избегнете прејадување.
M. M. | Црнобело