„АНТОАН диета“ – до 5 kg помалку за само една недела
Претеравте со јадењето и пиењето за време на празниците? Потребна ви е брза, но ефикасна диета која ќе ви помогне да го намалите вишокот на килограми?
За најодлучните и најиздржливите тука е Антоан диетата.
Ова е вид на диета чии варијации можеби веќе сте ги слушнале претходни и од прилика ги знаете ефектите.
Но, правилата се толку едноставни за паметење и речиси не постои шанса да погрешите нешто во дневното мени.
Воедно, за оваа диета не е потребно предолго или исцрпно планирање кое ќе ви одземе премногу време и пари.
АНТОАН диета – основна верзија
Секој ден се јаде само еден вид на храна и ништо друго. Нема ограничување на храната која ја внесувате во текот на денот. Тука завршуваат сите препораки за оваа диета.
Еве како изгледа неделното мени:
-
1 ден – Месо (кој било тип на месо, може да измешате и неколку различни видови, на пр. телешко, пилешко, свинско и да го зачините според вкусот)
-
2 ден – Млечни производи (млеко, младо сирење, кисело млеко, јогурт, кефир)
-
3 ден – Зеленчук
-
4 ден – Риба (кои било видови, според вкусот)
-
5 ден – Овошје
-
6 ден – Јајца
-
7 ден – Тврди полномасни сирења и кашкавал
Месото, рибата и јајцата се подготвуваат на сите можни начини, но сепак препораката е да ги избегнувате пржени. Дадете им предност на варењето, динстувањето, готвењето на пареа или печењето.
Истото важи и за зеленчукот. Внесот на вода треба да го зголемите, односно онолку колку што е препорачано за вашата тежина, додадете уште најмалку 10% на таа количина вода.
Како функционира диетата и колку е здрава?
Јадејќи ја истата храна секој ден, вие всушност побрзо се заситувате и ја намалувате количината на храната која ја внесувате, а следствено на тоа и бројот на калории. Освен тоа, организмот е принуден на секои 24 часа да се „ресетира“ што значи дека дополнително се забрзува метаболизмот, што влијае на намалувањето на телесната тежина.
Оваа диета се држи точно 7 дена и можете да очекувате губење до 5 kg (секако, ова најмногу зависи од вашата почетна тежина).
Сепак, очекувајте дека во најголемиот дел ќе го изгубите вишокот на вода и натрупаните материи во цревата, но сепак телото ќе спласне, доколку имате отоци истите ќе се повлечат и ќе почувствувате значајни промени.
Можете да ја практикувате диетата во неколку периоди од годината, на пример по еднаш или два пати во секое годишно време. Иако намирниците се распределени по денови, сепак диетата вклучува јаглени хидрати, протеини, витамини и минерали.
Доколку сте љубители на кафе може да пиете до 2 мали шолјички дневно, секако незасладени, односно без шеќер. Истото важи и за чајот.
(О)Милена | Црнобело