„НЕ, НЕ, НЕ!!! Не прифаќам и нема никогаш да прифатам дека те нема! Саре сестрице моја... Вака не се договоривме! Тоа заразно смеење со тебе нема никогаш да го извадам од главата! Тоа најубаво пеење ќе продолжи да го придружува Тоше, таму на небото...“, пишува Елена Ристеска за својата соработничка и пријателка Сара Пројковска. Жената чие име е музика и насмевка, жената со ангелски глас, жената за која цела наша естрада има само најубави зборови.