Емотивно видео со снимки од Андреј ДНК, креирано од фотографот Мартин Трајановски за сите починати во Кочани
- Детали
- понеделник, 17 март 2025
„Ете, толку било. Македонија денес изгуби. Изгуби нешто што никогаш повеќе нема да може да го врати или замени. Денес креирав за вас, а вие заслужувате многу повеќе од тоа. Вие заслужувате живот“ - пишува во пораката на Мартин, кој креираше емотивно видео со снимки од Андреј, со песната во која тој си ја испеа судбината...
Нашиот фотограф Мартин Трајановски, кој последниве години е познат и како „фотограф на македонските ѕвезди“ со емотивно видео, кое го направил самиот, се збогуваше од Андреј од ДНК, но и од неговите колеги од бендот.
Во знак на последен поздрав, тој направи видео со неколку снимки од Андреј од спотот за песната „Ако утре ме нема“.
Тој преку прожектор го гледа спотот на ДНК, а има и снимки од небото над Скопје, како метафора за бескрајното синило и „местото“ каде што е сега тој, но и сите починати во пожарот во дискотеката во Кочани.
Во неговата емотивна порака пишува:
„Ех, Македонијо наша. Ете, толку било.
Македонија денес изгуби. Изгуби нешто што никогаш повеќе нема да може да го врати или замени.
Не можам да се помирам со фактот дека ова е нашата реалност. Шок. Потполен шок и неверување.
Никогаш нема да го заборавам денов и чувствата што ги имам. Денес креирав за вас, а вие заслужувате многу повеќе од тоа. Вие заслужувате живот. Ни повеќе, ни помалку. Живот.
Тежок, црн ден за Македонија. Сочувствувам со семејствата на прерано загинатите.
Со скршено срце се збогуваме со Андреј, Сара, Горѓи, Александар Коларов, Александар Ефремов, Филип, Игор…“
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





