Тапанарот од ДНК и фотографот на бендот меѓу починатите во дискотеката во Кочани

„Ќе свириме горе кога ќе се најдеме“, напиша Ивона Јо во последниот поздрав до тапанарот Ѓорѓи Горѓиев.

tapanarot-od-dnk-i-fotografot-na-bendot-megju-pochinatite-vo-diskotekata-vo-kochani-01.jpg

Ѓорѓи Горѓиев од Струмица, кој беше тапанар во бендот на ДНК и фотографот Александар Ефремов, кој ги следеше Андреј и Панчо на скоро сите настапи низ државава, се меѓу загинатите во пожарот што се случи во дискотеката Пулс во Кочани.

Во трагичниот настан, досега е потврдено дека загинаа 59 лица.

Нивните пријатели, во неверување, се простуваат на социјалните мрежи.

„Ќе свириме горе кога ќе се најдеме“, напиша Ивона Јо во последниот поздрав до Ѓорѓи.

tapanarot-od-dnk-i-fotografot-na-bendot-megju-pochinatite-vo-diskotekata-vo-kochani-02.jpg

„Ќе играме кантер таму горе. Другарчино. Ќе фалиш премногу“ - стои во последниот поздрав од Антониа Гиговска до Александар.  

tapanarot-od-dnk-i-fotografot-na-bendot-megju-pochinatite-vo-diskotekata-vo-kochani-04.jpg

tapanarot-od-dnk-i-fotografot-na-bendot-megju-pochinatite-vo-diskotekata-vo-kochani-03.jpg

Меѓу починатите е и уште еден член на бендот на ДНК - Филип Стевановски.

Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ - Штип, стои во објава на Инстаграм профилот „Кумановски муабети“.

Веста за неговата трагична смрт е потврдена од штипската телевизија Стар.

Во пожарот загина и Сара Пројковска која беше придружен вокал на ДНК, а воедно и професрока на Факултетот за музичка уметност, од каде ја потврдија веста за трагедијата.

tapanarot-od-dnk-i-fotografot-na-bendot-megju-pochinatite-vo-diskotekata-vo-kochani.jpg

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
Стомачен танц, „заразен“ ритам и стихови – Новата песна на ДНК, Бока Конга и Мишел Трајковски ќе ве ... „Ма нека збори цела чаршија...“ Ова се стиховите што сигурно ќе ги слушаме и ќе ...
Иле - возачот на Итната помош од Кочани е нашиот херој среде оваа темнина: „Горди сме што те имавме!... „Што да се напише за тебе е премалку. Човек планина, човек со срце, душа човек к...
Перо Антиќ, Дарио - Кои се највисоките познати Македонци (и колку се високи)? Со 211cm, поранешниот кошаркар и претседател на Кошаркарската федерација, Перо А...
Неофицијални информации за трагедијата во Кочани – повредени се пренесуваат во Скопје, бројот на жрт... Синоќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувнал пожар, за време на концерт на ДН...
„Во глуво доба од Кочани, се слушна крик, плач и тага, се молевме сите, Господе, да биде лага“ „В Кочанско негде, кај в слаМа гореа цвета, убија деца! Во глуво доба од Кочани,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg