Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нови детали за трагедијата во Кочани: Досега се потврдени 59 починати лица, хоспитализирани се 148 пациенти

Министерот за внатрешни работи и министерот за здравство излегоа со нови официјални информации во врска со пожарот во Кочани. Моментално, според последните информации, хоспитализирани се 148 пациенти, од кои околу 18 се во критична состојба, додека бројот на починати е 59.

novi-detali-za-tragedijata-vo-kochani-dosega-se-potvrdeni-59-pochinati-lica-hospitalizirani-se-148-pacienti-od-koi-del-se-vo-kritichna-sostojba-01.jpg

Министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиумите потврди дека моментално се хоспитализирани 148 пациенти, од кои 18 се во критична состојба.

„Досега 148 пациенти се згрижени низ болниците во Македонија. На хируршки клиники се 31, на Детска хирургија 4, на КАРИЛ се 16, на Пластична хирургија 11.

Во Градска хирургија се 27 пациенти, во '8 Септември' се 17 пациенти, во Штип се сега 39 пациенти и во Кочани се 30 пациенти.

Неколку пациенти се во критична состојба, тоа се околу 18 пациенти. Меѓутоа сигурен сум дека здравствените работници во овие болници го даваат својот максимум“, изјави Таравари.

Тој додаде дека пациентите коишто се во критична состојба се во Скопје, како и дека неколку држави понудиле помош за згрижување пациенти, особено тие во покритична состојба.

Наскоро ќе се донесе одлука дали и кои пациенти би требало да се згрижат надвор од државата.

Министерот Таравари потврди дека меѓу хоспитализираните има и малолетни пациенти, но истакна дека не може да открива имиња.

/?locale=mk_MK

Изјава даде и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој кажа дека институциите работат на истрагата, како и дека се извршил разговор со неколку од хоспитализираните, вклучувајќи и еден член од бендот на ДНК кои настапуваа синоќа во клубот.

„До 11:30, според информациите со коишто располагаме, починати се вкупно 59 лица. Од нив 35 се идентификувани.

Од идентификуваните 31 лице е од Кочани, 4 од Штип“, изјави министерот Таравари.

Според информациите до 12 часот, повредени биле вкупно 155 лица, од кои дел се хоспитализирани.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нови детали за пациентите со повреди од пожарот: „51 се испратени во странство, тука повеќето се ста... Сите пациенти од Штип и Кочани се донесени во Скопје и се во стабилна состојба, ...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Скопјани помогнаа семејство да го најде изгубениот папагал и уште 5 вести што нè израдуваа оваа неде... Македонки најавија акција во која ќе сплетат 250 капи, шалови, ракавици, елечиња...
„Осамна утро сончево, а зраците темни, црнила“ - Македонија се простува од 59-те жртви кои ќе бидат ... Денеска ќе бидат погребани 59-те жртви од пожарот во Кочани. 59 млади животи кои...
Јован е нашиот херој од реалноста! 19-годишно момче влегло во пожарот во Кочани за да си ги спаси др... „Ах ти храбро детиште, ах ти хероју наш. За твојата храброст, хуманост, емпатија...
Елена од Струмица ја донираше косата за лица кои ја изгубиле својата: „Ја чував 2 години, сакам да и... „Косата ја донирав кај Сашка, која, како што дознав преку статија на CRNOBELO.co...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg