Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“

„Барање станови на +40°C со Матиас и Давид во количка, средување документација, избирање на мебел, чистење, распакување… Сѐ тоа во 2 недели...“, споделува Евгенија Колев од Скопје, вљубеничка во фитнес, за преселбата во Дубаи.

evgenija-kolev-prvite-denovi-vo-dubai-bea-haotichni-baranje-stanovi-na-40-so-dve-deca-vo-kolichka-01.fw.png

Евгенија Колев од Скопје е модел и мајка на две деца, а сега заедно со сопругот и синовите Матиас и Давид, се пресели во Дубаи.

Евгенија на својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 11.000 следбеници, дели совети за вежбање, како и модификации од вежби за во текот на бременоста, бидејќи таа дефинитивно беше една од најфит трудниците кај нас.

За преселбата во Дубаи, Евгенија се огласи на својот Инстаграм профил:

„Првите денови во Дубаи, иако беа хаотични, беа највозбудливите денови во мојот живот.

Барање станови на +40°C со Матиас и Давид во количка, средување документација, избирање на мебел, чистење, распакување… Сѐ тоа во 2 недели.

Сега конечно влегуваме во некоја рутина, целиот хаос пополека се стишува и дури сега станувам свесна колку голем чекор беше ова.

Има нешто посебно во почнувањето од почеток“.

Во текот на втората бременост, во јули 2023-та, Евгенија во интервју за CRNOBELO.com на тема нејзиниот фит изглед во бременоста изјави:

„Редовниот фитнес за мене е единствениот начин со кој ја одржувам линијата, со оглед на тоа што генетиката не е на моја страна.

Во првата бременост качив 30 килограми, што точно кажува каква е мојата генетика во однос на склоноста кон качување килограми.

Така што, немам баш простор да се опуштам и да се потпрам на генетиката.

Од друга страна, каква генетика и да имате, сѐ е залудно доколку не се посветите на физичката активност. Кога-тогаш генетиката ќе престане да ја игра поголемата улога“.

Како изгледаат првите денови од нејзиниот живот во Дубаи, погледнете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...
Марко Новески доби близнаци на 44 години, а Камењар има две поголеми деца - двајцата ја обожаваат ул... „Поминувам време колку што можам повеќе со близнаците. Дома ги делиме обврски и ...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg