„Осамна утро сончево, а зраците темни, црнила“ - Македонија се простува од 59-те жртви кои ќе бидат погребани денес

Денеска ќе бидат погребани 59-те жртви од пожарот во Кочани. 59 млади животи кои згаснаа во само неколку минути. 59 семејства кои останаа без своите сакани.

osamna-utro-sonchevo-a-zracite-temni-crnila-makedonija-se-prostuva-od-59-te-zhrtvi-koi-kje-bidat-pogrebani-denes-01_2.jpg

На денот кога цела нација тагува и ги испраќа во вечното почивалиште, социјалните мрежи се преплавени со тага.

Велат, денес е првиот ден на пролетта, но сончевите зраци ќе ги заменат солзите за оние што веќе никогаш нема да се вратат.

Едните херои, што пробаа да спасат што е можно повеќе луѓе, другите жртви чија трагична судбина ќе остане засекогаш врежана во мислите на сите.

Денес од починатите во дискотеката во Кочани се простуваат и оние што ги познаваа и оние што не ги знаеја.

osamna-utro-sonchevo-a-zracite-temni-crnila-makedonija-se-prostuva-od-59-te-zhrtvi-koi-kje-bidat-pogrebani-denes-02.jpg

А болката е огромна.

На Инстаграм од утрово се споделува порака која ја опишува болката на сите:

„Осамна утрото сончево. А сончевите зраци денес темни, црнила...

Најцрниот ден во македонската историја. Масовен погреб на деца за време на најголемите христијански пости.

И не знам дали имаше мајка што синоќа мирно спиеше. И не знам дали од оваа црнила некогаш ќе се опоравиме како нација...

Почивајте во мир агелчиња наши“ - стои во пораката со која од 59-те жртви се простува целата нација.

osamna-utro-sonchevo-a-zracite-temni-crnila-makedonija-se-prostuva-od-59-te-zhrtvi-koi-kje-bidat-pogrebani-denes-03.jpg

 А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Каде е и што прави денес Угро? „Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Мартија Станојковиќ и саканиот на романтично патување за Валентајн - јадат пица во форма на срце Мартија и нејзиниот сакан Матеј се во врска околу 2 години, но парот многу ретко...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg