Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фудбалерот Андреј Лазаров загина во пожарот во Кочани, додека пробувал да им помогне на другите

Андреј Лазаров, кој играше за ФК Шкупи, трагично го изгуби животот во синоќешниот пожар во Кочани. Од фудбалскиот клуб соопштија дека во последните мигови од животот, Андреј херојски пробувал да им помогне другите во дискотеката.

fudbalerot-andrej-lazarov-zagina-vo-pozharot-vo-kochani-dodeka-probuval-da-im-pomogne-na-drugite01.jpg

Меѓу загинатите во пожарот во кочанската дискотека е и фудбалерот Андреј Лазаров кој играше за ФК Шкупи.

Најпрво, блиските трагаа по младиот фудбалер, пред официјално да биде потврдено дека и тој е меѓу многуте жртви.

Веста за неговата трагична смрт ја споделија и од неговиот фудбалски клуб, од каде потенцираат дека во последните мигови од животот, Андреј бил херој и им помагал на другите.

„Со длабока болка и огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот фудбалер, Андреј Лазаров, е потврден како една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во текот на ноќта во Кочани.

Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент.

Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце.

Ова е огромна загуба за нашиот клуб, за неговите соиграчи и за целата фудбалска заедница. Зборовите се мали за да ја опишат болката што ја чувствуваме во овие моменти, во оваа трагедија – една од најголемите во која е погодена нашиот клуб во неговата историја.

ФК Шкупи изразува најискрено сочувство до неговото семејство, неговите блиски и целото големо семејство на нашиот клуб.

Андреј беше дел од Шкупи само шест месеци, но неговото име засекогаш ќе остане неизбришлив дел од нашиот тим.

Споменот за него ќе живее вечно во нашите срца“, стои во Фејсбук објавата на ФК Шкупи.

fudbalerot-andrej-lazarov-zagina-vo-pozharot-vo-kochani-dodeka-probuval-da-im-pomogne-na-drugite-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врчак се огласи по загубата на Андреј од ДНК: „Последната песна ја снимивме неколку дена пред да заг... „До вечерва, не можев ни музика да слушам, ниту да гледам Фејсбук... Ја пуштив п...
„Пеј си најубаво, таму горе“: Колегите и блиските се збогуваат од Андреј од ДНК Колегите на Андреј од ДНК се во неверување за трагичната смрт на музичарот и со ...
Јован е нашиот херој од реалноста! 19-годишно момче влегло во пожарот во Кочани за да си ги спаси др... „Ах ти храбро детиште, ах ти хероју наш. За твојата храброст, хуманост, емпатија...
Иле - возачот на Итната помош од Кочани е нашиот херој среде оваа темнина: „Горди сме што те имавме!... „Што да се напише за тебе е премалку. Човек планина, човек со срце, душа човек к...
Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
„Во глуво доба од Кочани, се слушна крик, плач и тага, се молевме сите, Господе, да биде лага“ „В Кочанско негде, кај в слаМа гореа цвета, убија деца! Во глуво доба од Кочани,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg