„Многу ќе ми фалиш Сарке моја“ – Цела естрада се збогува со Сара Пројковска, жена со ангелски глас и срце планина
- Детали
- понеделник, 17 март 2025
„НЕ, НЕ, НЕ!!! Не прифаќам и нема никогаш да прифатам дека те нема! Саре сестрице моја... Вака не се договоривме! Тоа заразно смеење со тебе нема никогаш да го извадам од главата! Тоа најубаво пеење ќе продолжи да го придружува Тоше, таму на небото...“, пишува Елена Ристеска за својата соработничка и пријателка Сара Пројковска. Жената чие име е музика и насмевка, жената со ангелски глас, жената за која цела наша естрада има само најубави зборови. „Сарке мила, ќе те паметам дур дишам...“, напиша Игор Џамбазов.
Сара Пројковска беше ангелски глас и еден од најдобрите вокали во Македонија. Сара Пројковска беше самохрана мајка на 2 дечиња, откако го загуби сопругот во 2021 година. Сара Пројковска беше професорка по пијано на Факултетот за музичка уметност.
Сара Пројковска беше придружен вокал на настапите и концертите на голем дел од нашите познати личности, а и многу повеќе од тоа. Таа беше нивната доза на позитива, заразната насмевка дури и во миговите кога работите не оделе најсјајно, ја нарекуваат и најсветла ѕвезда и сестра.
Убава жена однатре и однадвор. Жена на која душата ѝ се смее низ очите.
Храбра жена, талентирана жена, жена каква се памети и за која Македонија е горда што ја имала.
Сара пеј ни од горе...
Сара Пројковска, која пееше придружни вокали во групата „ДНК“, почина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Објавите на познатите за Сара Пројковска:
Елена Ристеска
„НЕ, НЕ, НЕ!!! Не прифаќам и нема никогаш да прифатам дека те нема! Саре сестрице моја, толку многу поминавме заедно со тебе и Ана, толку убави спомени, толку концерти, толку бендови сменивме ние три.
Ти беше таа која не ми дозволи да се откажам од музиката кога се разочарував! Ти - добрица, ферчина, другарчина, позитивна, пожртвувана и како човек, и како колега, и како мајка на златни две деца.
Тоа заразно смеење со тебе нема никогаш да го извадам од главата! Тоа најубаво пеење ќе продолжи да го придружува Тоше, таму на небото.
Ама Саре вака не се договоривме! Се договоривме дека ќе пееме и понатаму! Се договоривме да се видиме! Вака не!!! Не сакам да верувам, не сакам!!! Не прифаќам!
Сестро моја, ти беше упорна и борбена да смениме 100 бендови, ама да не се откажеме! На крајот ти се откажа!
Ама зошто вака?!?! Зошто?? Не можам да престанам да те плачам, нема никогаш да те преболам! Нема!
Најдобрата личност во живот што сум ја сретнала, чесна, добра, секогаш фер и коректна, секогаш поддршка, секогаш грб мој! Емотивна, убава и во душата и во лицето. Солзиве не застануваат, никогаш нема да застанат. Не не и не!!!
Каролина Гочева
„Сарке моја, сестрице најмила, до последен момент не сакав да верувам, до последно се надевав дека е некаква грешка… толку спомени, пеења, радости, Евровизии, концерти, солзи, журки… толку години поминавме…
Ти и Ана сте толку голем дел од мојот живот… уште се надевам дека денешниов ден е само лош сон…
Многу ќе ми фалиш Сарке моја“.
Игор Џамбазов
„Имаше очи што зборуваат.
На земја те соборуваат.
А под нив една насмевка вредна вечност.
Сарке мила, ќе те паметам дур дишам...“
Павле Камилоски
„Пишувам и бришам... и не знам што да напишам и да ти посветам сестро моја, е до толку е макава голема...
Но едно знам, ќе ми фалиш премногу...
Господ нека ти го осветли патот и нека ти ги отвори портите небесни.
Почивај во мир Сара...
Искрено и длабоко сочувство и до семејствата на загинатите“.
Ирина Камилоска
„Ведрино наша... Летај кај ангелите со твојот ангелски глас“.
Продолжува на следната страница....
Би можело да ве интересира:





